Skip to content

Бранко Милковиќ – Залудно ја будам

Ви претставуваме една убава љубовна песна од српскиот поет Бранко Милковиќ каде се чувствува влијанието на француските симболисти Маларме и Пол Валери. Бранко Милковиќ  (Ниш, 29 јануари 1934 – Загреб, 12 февруари 1961) бил еден од најпознатите српски и југословенски поети од втората половина на дваесеттиот век, есеист и преведувач.

Залудно ја будам

Ја будам заради сонцето кое само се објаснува на растенијата
заради небото  распнато меѓу прстите
Ја будам заради зборовите што ѝ го печат грлото
Ја сакам со уши
Треба да  одите до крајот на светот и да  најдете роса на трева
Ја будам заради далечни работи кои личат на овие
тука заради луѓето што поминуваат на улица  без чела и имиња
заради анонимните зборови на плоштадите ја будам
заради фабричките  пејзажи на јавните паркови
Ја будам заради оваа наша планета која можеби
ќе биде мина на крваво небо
заради насмевката во каменот на другарите кои заспале помеѓу
две битки
кога небото веќе не беше голем кафез за птици
туку  аеродром
мојата љубов полна со странци  е дел од зората
Ја будам заради зората заради љубовта заради себе заради
странците

Ја будам иако е тоа позалудно  отколку да ја повикувам
птицата која никогаш не полетала
Сигурно рекла: нека ме бара  и нека види дека ме нема
таа жена со раце на дете што ја сакам
тоа дете заспано без да ги избрише солзите што го будам
залудно залудно залудно

Залудно ја будам
затоа што ќе се разбуди поинаква и нова
Залудно  ја будам
затоа што нејзината уста нема да може да ѝ каже
Залудно  ја будам
знаете  водата тече, но не кажува ништо
Залудно ја будам
треба да се вети на изгубеното име нечие лице
во песок
ако не е така, сечете  ми ги рацете и претворете ме
во камен

Напишете коментар