Skip to content

Секогаш може да се почне од почеток – тоа е силата на секој човек

Сите ние понекогаш се чувствуваме поразени и здробени од животот и неговите предизвици. Можеби имаме една рутина, која полека, но сигурно, нè води кон апатија. Сите барем еднаш сме посакале да се откажеме од работите кои ни значат, бидејќи едноставно веќе не сме можеле да го издржиме тој притисок. Кога ќе помислите да се откажете, прочитајте го текстот подолу, каде зборовите на авторката Стефани Ридс, доаѓаат како мевлем на рана.

Секогаш може да се почне од почеток

Вистината е дека честопати треба да протуркаме, дури и кога не сакаме. Треба да се протуркаме дури и кога не мислиме дека можеме. Треба да најдеме во рамките на нашата внатрешна сила да одиме напред, дури и ако нашата душа гласно нè повикува назад во нашите удобни зони.

Вистината е дека животот не е секогаш лесен. Постојат многу подеми и падови што ќе се обидат да ви кажат дека не сте доволни. Дека треба да се откажете. Дека не вредите. Но, не треба да го слушате тој глас. Вие не сте малото дете што некогаш сте биле. Вие не сте тој глас. И мора да разберете дека иако тој глас секогаш може да биде во позадината на вашиот живот, тој глас не е тој што сте вие навистина.

Дури и кога е неподносливо тешко, пронајдете ЗОШТО сакате да продолжите. Затоа што кога уште еднаш ќе ја пронајдете страста кон вашиот живот, таа ќе ве повикува и ќе се бранува во секој аспект од вашиот живот. Ќе ве носи низ грубите времиња, потсетувајќи ве дека секогаш сте доволни, потсетувајќи дека секогаш сте  целосни, и покрај тоа што може да ви се случи.

Затоа пронајдете ја таа страст. Пронајдете го оганот што и запалете ја свеќата на надежта уште еднаш. Сè што треба да направите е да започнете повторно да верувате дека сте силни, способни и достојни да внесете сè што најмногу сакате во вашиот живот. Запомнете дека секогаш може да се почне од почеток и тоа не е знак дека сте “слаба” личност. Напротив, тоа е доблест на силните личности.

Прочитајте уште еден текст за да дознаете како да заминете од она што ве повредува.

Напишете коментар