Skip to content

Пјер де Ронсар – принцот на француските поети во 16 век

  • by

Пјер Ронсар (11 септември 1524 Шато де Посиниер- 27 декември 1585 Турен), француски писател од времето на ренесансата, водач на поетската школа „Плејада“, љубител и добар познавач на грчката и на латинската книжевност. Роден е на денешен ден. Ронсар е роден во благородничко семејство, во замокот Ла Посониер и како мал започнал да се школува за воен и дипломатски повик. Како паж, живее на кралскиот двор и патува во Шкотска и Германија како дел од дипломатски мисии.

После една сериозна болест, тој останува со оштетен слух, па затоа се откажува од воените и дипломатските амбиции и се посветува на поетско творештво и учење. На колеџ, тој се посветил на учење грчки јазик, кај тогаш истакнатиот елинист Жан Дора. На еден кралски бал (1545) ја запознал Касандра Салвијати, ќерка на банкар од Фиренца, и се вљубил во неа. Иако се омажила за благородник, таа сепак го привлекувала поетот, кој ја сака платонски.

Во следните десет години, Ронсар отпеал голем број песни во чест на Касандра, во духот на песните на Петрарка посветени на Лаура. Покрај неа, Ронсар им посвети серија песни на Марија Дипен, селска девојка и на Хелена де Сиржер, почесна дворска дама, која го инспирирала да ги напише Сонетите за Хелена. Помеѓу 1555 и 1556 година тој објавил Химни, посветени на Маргарет од Савоа.

Имал многу успех во текот на животот и неговата слава не згасна ни до ден денешен. Тој соработувал во подготовката на теоретското дело Одбрана и збогатување на францускиот јазик, што е манифест на Плејадата. Некое време  бил и официјален дворски поет. Починал на шеесет и една годишна возраст во Турен.

Творештво

Ронсар ја започнал својата поетска кариера со пишување оди, а првата ја објавил во 1547 година во стихозбирка на Жак Пелтие. Напишал вкупно пет книги оди. Првите четири биле објавени во 1550 година, а петтата во 1552 година. Одите на Ронсар се под големо влијание на тројца антички поети: Пиндар, Хорациј и Анакреон.

Оди

Одите под влијание на Хорациј се книжевни поуспешни од онаа напишнаи под влијание на Пиндар. Хорациј е омилен поет на Плејадата, а особено Ронсаров, затоа презел голем број теми од него (минливост на животот, жубов, природа, смрт), поетски дејства (слики, споредби, изрази) и ритам (метрика, строфи). И покрај тоа, Ронсард успеал да ги искаже своите оригинални ставови, мисли и чувства. Меѓу овие оди се истакнуваат оние во кои се опекува селската природа, пејзажи и предмети и животни од родниот крај.

Ронсар ги напишал Анакреановите оди во време кога некои песни што му се припишувале на Анакреон им се припишувале на александриски и византиски поети кои го имитирале античкиот поет.

Љубовни песни

Ронсар, покрај одите, пишувал љубовни песни во форма на сонети, а во сите има силно влијание на Петрарка и Петрарахисти. Тој им ги посвети на жените што ги сакал: Касандра, Марија и Елена.

Химни

Кога ги пишувал своите химни, Ронсар најмногу ги имитирал делата на Теокрит, Аполониј и Калима. Во нив тој слави истакнати личности од своето време, на пример кралот Анри Втори. Исто така развива општи филозофски и научни теми, за вечноста, демоните, смртта, годишните времиња, богот Дионис. Во нив се појавува повеќе како научник и филозоф отколку како поет.

Eлегии

Ронсар напишал околу 45 елегии, од кои најпозната е онаа против дрвосечачот на шумата Гетини. Оваа шума, која се наоѓала во родниот крај на поетот, и со која се поврзани неговите спомени од неговата младост, била  исечена по наредба на кралот Анри IV (тогаш крал на Навара), кој сакал на тој начин да се збогати.

Франсијада

Во согласност со програмата на Плејадата, Ронсар имал намера да напише еп што ќе се вика Франсијада и ќе се состои од 24 песни. Во него, тој сакал да го опее потеклото на Франција и нејзината монархија. За тоа, тој ја искористил легендата, која имала голем број приврзаници во средниот век, за тоа како Франките се потомци на Франкус, синот на Хектор и внукот на Пријам. Откако избегал по падот на Троја, Франкус се качил на брод и стигнал до бреговите на Галија, каде ги поставил темелите на Франција и нејзината монархија.

Оваа легенда беше претставена од Жан Лемер де Белж, член на групата „големи реторичари“, во прозниот дел на Илустрацијата за Галија и особеностите на Троја. Ронсар завршил само 4 песни, но доживел целосен дебакл во јавноста. Неточната и ненаучна теза за тројанското потекло на Франките и Франција, како и застареноста на оваа тема, придонеле за тоа, бидејќи во Франција во тоа време се воделе верски и граѓански војни. Покрај тоа, на неуспехот на овој потфат влијаеле и ропската имитација на Енеида на Виргилиј, прекумерната употреба на митологијата и монотоната употреба на десетерци.

Напишете коментар