Skip to content

20 интересни факти за старогрчкиот театар

  • by

Театарот настанал во Грција паралелно со развитокот на драмата, како последица од потребата за место каде ќе се изведуваат делата на големите антички писатели. Во почетокот бил граден од дрво, а потоа од камен, тетатарот оставил во наследство величествени изданија, често пати изградени од најквалитетниот мермер кој можел да се најде во тоа време. Прочитајте ги во продолжение интересните факти за старогрчкиот театар.

1. Античката грчка драма, е театарска култура која цветала во античка Грција околу 700 п.н.е.

2. Театарскиот фестивал кој се оддржувал во Атина потекнувал од Големата Дионисија, фестивал на кој луѓето учествувале во претстави кои истражуваат големи проблеми во нивното општество.

3. Најраната трагедија што преживеала е онаа на Есхил „Персијци“, која датира од 472 година п.н.е.

4. На фестивалите учествувале сите  граѓани на Атина (жени, како и мажи) како и посетители од цела Грција.

5. Претставите се одвивале во обично големи полукружни театри или театри во форма на потковица.

6. Претставите се изведувале на отворено.

7. Полукружна форма со камени редови на ниво и камени седишта околу неа. Овој облик на театрите им давал одличен поглед на сите во публиката, исто така значело дека и тие можат добро да слушнат што зборуваат актерите.

8. Сцената била подигната во рамките на кругот – на овој начин целата публика можела да ја види претставата и можел да се зголеми тонот на гласот.

9. Посетителите кои биле важни личности седеле на предните седишта.

10. Грчките претстави биле или комедии или трагедии. Трагедиите честопати се однесувале на случки од минатото, а комедиите на сегашниот и секојдневниот живот.

11. Драмските маски кои толку често се поврзуваат со оваа тема потекнуваат од старогрчкиот театар и означуваат комедија или трагедија.

12. Некои познати старогрчки драматурзи се: Есхил, Софокле и Еврипид (кои пишувале трагедии) и Аристофан (кој пишувал комедии).

13. Сите актери биле мажи.

14. Наместо еден актер да раскажува приказна, група актери познати како хор  ја раскажувале заедно.

15. Хорот зборувал во движење за да можат да се слушаат приказните и да се гледаат движења во исто време.

16. Хорот се состоел од 5 до 50 актери.

17. Публиката  фрлала храна и камења ако сметала дека глумата не е доволно добра!

18. Актерите носеле големи маски кои преувечувале со емоциите на лицето.

19. Актерите носеле маски, во светла боја за комедии и темна боја за трагедии.

20. Маските биле изработени од ткаенина и зацврстени со гипс.

Прочитајте ги и следниве факти за Хомер.

Напишете коментар