Skip to content

Љубена – Виктор Кадинец

  • by

Мислев ќе те насмеам, ќе те задевнам
и додека ветарот ќе ти ја гали насмевката,
ќе уживам во твојата пркост.
Кафето се излади, желбата остана.
Потоа седнав и го испив кафето,
и твоето и моето и така до зори…
сè додека плочата не престана да врти
и за првпат во животот застанав,
застанав, но не престанав да
верувам – чим ставиш жар на дланка
пече и гори, го тргниш ли,
ќе видиш повторно дланката гори.
Ти сварив кафе, запалив цигара и
почнав да ти пишувам.
Бришев, пребришував, копнеев,
се соживував, те доживував, пробував
да разберам ситуација.
Знаеш, не сум јас од оние обичните,
себичните, дволичните,
оние кои имаат старт, без крај.
Каквото е чувството да бидиш инспирација?
Не сечија, не ничија. Онаква моја.
Какво е чувството да бидеш инспирација
на човек кој знае да љуби.
Какво е чувството кога го читаш ова
и знаеш дека си љубена?

Виктор Кадинец

Напишете коментар