Skip to content

Марина сака да биде Балерина

Музиката ја исполнуваше собата на Марина. Таа танцуваше и се замислуваше дека е балерина. Балетот ѝ беше љубов голема, дарба за играње имаше, тука нема дилема. Заедно со другарките го посетуваа музичкото школо, а во слободно време знаеја да играат и весело оро. Во гените дарбата е запишана, не се откажуваше и кога беше уморна и задишана.

„Во цел свет ќе бидам најпозната балерина “, велеше Марина. Ќе полнам сали и ќе ме гледа бројна публика, ќе ме читаат во весници во секоја културна рубрика. „Следи го својот сон“, мајка ѝ ѝ велеше, а Марина слатко си се смееше. „Играј Маринче, не запирај“, ја бодреше татко ѝ. „Ти си најголемо злато мое, мисли рационално и следи го срцето свое“.

„Ќе ве послушам мамо и тато, вие сте моето најголемо злато!“. Марина ги бакна двајцата на образ, и пак им рече гласно: „Ќе ве направам многу горди, нека ви биде јасно!“.

Наталија Н.

Прочитајте ја и следнава детска приказна за деца Жива „река“ во библиотека од Киро Донев.

Напишете коментар