Skip to content

Чиракот на архитектот – уште едно дело кое остава без здив од неповторливата Елиф Шафак

Елиф Шафак — професор, политиколог и најнаградуваната и најчитана современа турска писателка.

Родена е во 1971 г. во Стразбур, Франција, а нејзиниот космополитски дух се должи на годините поминати во многу држави со својата мајка дипломат. Но длабоко е поврзана со Истанбул, каде што живее заедно со сопругот и двете деца, а нејзиниот втор дом е Лондон.

Шафак пишува на турски и на англиски, а нејзините дела се преведени на повеќе од четириесет јазици. Автор е на 13 книги, од кои 9 се романи

Чиракот на архитектот

Заедно со необичниот дар за султанот, во отоманската престолнина пристигнува и малиот Џахан, кој го има само Чота, мудар и редок бел слон.

Како скротувач во царската менажерија, тој се спријателува со султановата ќерка Михрима и се вљубува во неа. По игра на судбината, момчето го запознава главниот царски архитект Синан, кој го зема под своја закрила, и заедно со слонот ги создаваат највеличествените градби во историјата.

Но додека ги градат овие ремек-дела, меѓу четворицата чираци на мајсторот се јавува завист, а под површината се насетуваат опасни струи…

Бајковит историски роман за уметничката слобода и креативност, за судирот меѓу науката и традицијата.

Облеан со боите на Османлиското царство, кога Истанбул е плоден центар на една цивилизација, Чиракот на архитектот е магична приказна во која љубовта и верноста се во постојан судир со желбата за моќ.

Прочитајте уште повеќе за авторката и уште едно нејзино дело кое остава без здив: Четириесет правила на љубовта од Елиф Шафак

Напишете коментар