Skip to content

15 мисли од неповторливиот Пауло Коелјо кои ќе ви ја вратат вербата во вашите соништа

Пауло Коелјо е бразилски писател на лирика и романи. Тој е најпознат во неговиот врвен роман “Алхемичарот.” По објавувањето на „Алхемичарот“, Коелјо пишувал нов роман во просек на секои 2 години.

Други романи

„На брегот на реката Педра седнав и плачев“, „Петтата гора“, „Вероника реши да умре“, „Демонот и госпоѓицата Прим“, „Единаесет минути“, „Валкирите“, „Прељуба“, „Хипи“ и„Вештицата од Портобело“.

Тоа нѐ враќа назад кон „Аџилакот“ кога Коелјо се обидувал да го одложи почетокот на својата кариера како писател. Во една прилика, Коелјо рекол: „Ако денес видам бел пердув, тоа ќе е знак кој ми го дава Бог дека морам да напишам нова книга“.

Ви претставуваме 15 мисли од него кои ќе ви помогнат полесно да се справите со предизвиците и тешките мигови во животот. Ќе ви дадат барем малку храброст, бидејќи секако нашето мото е дека зборовите можат да го променат светот и луѓето.

1. „Постои само едно нешто поради кое нема да можете да ги остварите своите соништа, а тоа е стравот од неуспех“.

2. „Сè нешто ми вели дека ќе донесам погрешна одлука, но и тоа е дел од животот. Што сака светот од мене? Дали сака да не ризикувам и да се вратам од таму каде што дојдов, бидејќи не сум имал доволно храброст за да го прифатам животот?“

3. „Вистински важните средби душите ги планираат многу порано пред да се сретнат телата. Најчесто тоа се случува кога ќе достигнеме некоја граница, кога треба да умреме и емоционално повторно да се родиме“.

4. „Постојат моменти кога во нашиот живот се случуваат неволји и ние тука не можеме ништо. Но, тие се тука со некоја причина. Дури откако ќе ги надминеме и преболиме, сфаќаме зошто биле тука“.

5. „Љубовта не може да се најде на кое било друго место освен во себе. Едноставно, треба да ја разбудиме. Но, за да ја пробудиме, потребна ни е друга личност.

6. „Кога нешто сакате, целиот свет прави заговор за да ви помогне да го постигнете.“

7. „Промените се случуваат само кога ќе излеземе од нашата удобна зона и ќе тргнеме против сè што сме навикнати да правиме.“

8. „Вие сте она што верувате дека сте.“

9. „Секој има креативен потенцијал и од моментот кога ќе можете да го изразите овој креативен потенцијал, вие почнувате да го менувате светот.“

10. „Секој благослов кој е игнориран се претвора во клетва.“

11. „Ако мислите дека авантурата е опасна, обидете се со рутина. Таа е смртоносна.“

12. „Детето може да го научи возрасниот на три нешта: да биде среќен без причина, секогаш да биде со нешто зафатен и да знае како да го бара со целата своја сила она што го посакува.“

13. ,,Сега кога таа немаше што да изгуби, стана слободна.“

14. „Која е најголемата лага во светот? Тоа дека во одреден момент од животот губиме контрола врз она што се случува со нас и нашиот живот станува контролиран од судбината.“

15. „И ве молам не заборавајте: Постои живот пред смртта.“

Прочитајте го и првиот дел од мислите од Пауло Коелјо што го имаме издвоено, каде акцентот  е ставен на љубовта.

Напишете коментар