Skip to content

7 нешта што се однесуваат за децата кои наставниците сакаат родителите да ги знаат

Успешно одржан час, напредок на учениците на кои им оди потешко, нивната насмевка откако ќе сфатат дека го совладале градивото. Потоа гордоста што ја чувствуваат кога ќе постигнат добар резултат на наградите. Одушевувањето на родителите после училишната приредба се само дел од спомените што ги поврзуваме со училишните денови.

За да биде поуспешна работата на учителите и наставниците важна и неопходна е соработка со родителите (или старателите). Без тоа речиси е невозможно детето да се развие во успешен поединец кој ќе знае како да се носи со сите предизвици во животот.

Прочитајте ги следниве седум нешта што наставниците би сакале сите родители да ги знаат и применуваат.

1. Вашето дете не мора да биде совршено

Иако бројните истражувања велат дека секое дете во себе крие голем потенцијал, тоа не значи дека ќе биде подеднакво успешно во сите полиња. На поединци тоа им успева без проблем, но поголемиот број ученици сепак се просечни. Ова не е нешто поради кое треба да се драматизира.

Притисокот којшто детето го чувствува ако се присилува постојано да учи или да се занимава со воншколски активности кои не го интересираат нема да донесе напредок. Наместо тоа поттикнувајте го да се развива во она што го сака. Пример, некои ученици се сјајни во спорт, другите во уметност, а трети се прави математички генијалци. И само едно подрачје со вистинско занимање е повеќе и од доволно за успех.

2. Следете го напредокот на детето, а не само оцените

Праксата покажува дека родителите пречесто се сосредоточени на оцените отколку на напредокот на детето. Тоа не мора да нижи одлични оцени за да биде успешно. Оцените се пресудни за упис во најдобра гимназија, но никако не го одредуваат животниот успех. Многу е поважно ако детето покажува напредок во некој од наставните предмети кои му претставувале голем проблем.

Без оглед дали се работи за математика, странски јазик или преовладување страв од спортски активности, пофалете го детето кога ќе биде забележан напредок за разлика од претходно. Ова ќе го поттикне и понатаму да се труди односно ќе му покажете дека се грижите за него.

3. Разговарајте со детето за школскиот час

Кога детето ќе се врати од школо, прашајте го како му поминал денот. Потоа, што ново научило, што се случува во одделението, како се неговите пријатели и слично. Таквите мали разговори, дури и во траење од неколку минути можат да ви дадат добра слика за тоа како детето се снаоѓа во училиште.

Ако забележите дека е молчаливо или на прашањата како поминало дава само кратки одговори, можно е нешто да не е во ред. Имено, децата дома и во школо често се однесуваат целосно поразлично. Можеби дома е мирно, но во школо не мора да биде така, а може да биде и обратно. Затоа константниот разговор е нужен за да можете да забележите ако во некој момент се случува нешто за кое треба да реагирате.

4. Поттикнувајте го повеќе да чита

Читањето е исклучително важно не само кога се во прашање лектирите, туку и успехот во подоцнежниот период. Бројни истражувања покажале дека успешните претприемачи, професори, научници, лекари и други професионалци читаат редовно.

За детето да стекне навика за читање, повремено носете го во книжара или библиотека. Дајте му да одбере книга по негов избор која нема да биде задолжителна лектира за во училиште. Поттикнете го да чита и детски списанија, и најпосле оние од едукативен карактер. После читањето можете да дискутирате за одбраната тема. Така детето воедно ќе го вежба и анализира синтетизирањето на текстот.

5. Ограничете го времето пред екраните

Паметните телефони и други уреди се на секој чекор. Не е реткост дека и учениците од прво одделение поседуваат сопствени мобилни. Иако од една страна тоа е добро бидејќи во секој момент децата се достапни, на поминувањето време пред сите видови екрани треба да му се пристапи сериозно. Затоа родителите мора да постават граници и да се држат до нив.

Исто така се препорачува наместо да им дадете паметен уред, да го однесете во природа. Престојот надвор дури и во градскиот парк на два часа неделно значително го подобрува здравјето. Но и благопријатно делува на нашите ум и тело, а на детето му овозможува да развие и моторички способности.

6. Вие сте најголем пример на вашето дете

Нереално е да се очекува од детето да биде она што вие сакате да биде, ако вие самите сте далеку од тоа. Пример, ако сами никогаш не земате книга т.е. вашето дете не ве видело да читате, не можете да очекувате дека само весело ќе пристапи кон читање. Подеднакво е и со престојот во природа и сè друго. Децата учат по модел, односно го копираат однесувањето на родителите, и тоа несвесно. Затоа важно е да бидете добар пример.

7. Учителите/наставниците се само луѓе

Иако тие на децата им се често и пример, тие се само луѓе. Неретко може да се слушне како учителската работа е всушност повик. Во одредена мера е точно бидејќи не може било кој да работи со деца, и покрај дипломата, на учителите ова им е работа и начин за осигурување средства за живот.

Баш како и сите други, и тие имаат свои добри и лоши денови, нивни приватни проблеми, семејство, здравствени тегоби. Но имаат и слободно време во кое престануваат да им бидат на располагање на родителите. Почитувајте го тоа. Единствено само така може да се создаде складна врска на оние кои се најважни во животот на децата – родителите и учителите.

Дознајте и кои се седумте грешки што ја уништуваат менталната сила кај децата.

Напишете коментар