Skip to content

Љубов во септември – Бранко Миљковиќ

  • by

Ноќта се ѕвезди во жена…
Месечината пасе над темната
река. Мојата нежност
Би сакал некому да ја дарам

Вријат желбите како млади вина
Љубовта нежно ја бранува крвта…
Сонува покрај мене тишина
на нејзиниот глас милина.

Би сакал да го видам тој поглед зелен
избоен од далечнa ведрина.
Таму над реката паси
сребрен елен на месечината.

Напишете коментар