Skip to content

Рака за спас – Ангела Додевска

  • by

Заспивам, тонам во сон.
Лета времето, ко лист однесен од ветрот.
Часовникот чука тика така, тика така
Веќе е 12 часот.
Каде сум јас?
Уште лежам на креветов,
Заклучена во оваа соба,
Сама меѓу четири ѕида.
Главата ми е бојно поле,
Торнада и земјотреси ме погодуваат,
Ми ги реметат мислите.
Се налива вода по очиве мои,
И одеднаш почнува поплава да лие низ лицево.
Сакам да престане оваа бура,
Нека заврши, повеќе немам сили.
Расеена сум на дететина страни.
А што попрво? А каде? Се изгубив.
Ми треба рака за спас,
Нечија помош да ме извади од калта.
На средина сум помеѓу оган и мраз,
Дали да го слушам срцето и да се изгорам
Или пак да го послушам разумот и се исклучам од реалноста.
Животот е една авантура, која од ден на ден станува сосема ново гледиште,
Издигнување на повисоки нивоа,
Градење сам со себе,
Достигнување на невозможното.
Потребна ми е светилка која ќе ми даде знак,
Сонце на крај од тунелот,
Делче изгубено за да се составам,
Подредена сложувалка на животот,
Патоказ за да чекорам,
Храброст за да го разбијам катанецот и конечно да се ослободам,
Крилја за да полетам, слободата да ја почуствувам,
Да живеам.

Ангела Додевска

Напишете коментар