Skip to content

7 отровни мисли поради кои не можете да бидете среќни

Мислите што секојдневно нè опседнуваат имаат големо влијание врз квалитетот на животот. Колку побрзо ги исфрлите најлошите мисли толку побрзо ќе постигнете среќа и поубава иднина. Најголемиот проблем лежи во тоа што повеќето луѓе не се ни свесни на количината од сопствените негативни мисли. Покрај тоа, тие константно се прашуваат зошто се толку незадоволни, а не обрнуваат внимание на токсичните мисли.

Негативните мисли преминуваат во навика, па нормално е да ги гледаме како нешто сосема нормално. Меѓутоа тие нè трујат и го попречуваат патот до среќата. Прочитајте ги во продолжение седумте најотровни мисли од кои сите треба да се ослободиме.

1. Гледање себеси како жртва

Не сте жртва, затоа не ги обвинувајте другите за околностите кои ве “закочиле“. Наместо тоа помирете се со моменталната состојба и направете нешто за да направите промена.

Изигрувањето жртва нема во ништо да ви помогне, само ви стои на патот кон успехот. Препреките се предизвици, школо и пат кон нови можности.

2. Мислење дека на сите други им е подобро

„Да имам пари како неа, би била подобра и посреќна“. Од ваквите мисли треба да се одрекнете одма бидејќи се апсолутно неточни. Само бидејќи мислите дека на другите им е подобро не значи дека тоа е вистина. Никогаш не можете да знаете што им се случува навистина во животот на тие што ги сметате за подобри и поуспешни од вас. Ценете го она што го имате – еден вистински факт е дека никогаш не знаете што се случува зад туѓите затворени врати.

3. Преголеми очекувања

Она што го очекувате можеби ви делува сосема природно и заслужено, но немојте никогаш да бидете сигурни дека ќе се случи. Преголемите очекувања се кобни за среќата бидејќи не можете да знаете што другите луѓе подготвиле за вас и со што непријатно ќе ве изненадат.

Очекувајте помалку за помалку да се разочарате. Бидете благодарни, имате многу повеќе од поголемиот број луѓе на оваа планета.

4. Потреба секогаш да бидете во право

Во што е поентата на ова? Не сакате да изгледате ранливо? Не можете да признаете дека погрешивте? Само си правите штета на себеси. Признанието дека не сте во право е особина која ја има благороден и зрел човек. Освен тоа, секој има право на свое мислење. Вие имате свое, а некој друг негово. Сосема во ред е некогаш да не се поклопуваат.

5. Што ќе помислат другите?

Зарем е важно што ќе помислат другите? Мислите дека некој 24 часа ќе ви суди за постапките? Знајте дека никој не носи суд за вас онолку колку што сами себе си судите. Другите се зафатени со критикување на самите себе. Но ако навистина се зафатени за да ви бараат маани и да ве критикуваат тоа е нивен проблем, а не ваш.

Таквите луѓе се оние чиишто живот е досаден и осамен, не ви се потребни, затоа игнорирајте ги и правете го она што го сакате. Луѓето главно мислат за себе, а не за вас.

6. Не се чувствувам подготвено, се плашам од иднината

Одите ли на сончев ден со чадор бидејќи дожд може да падне во било кој момент? Секако дека не. Сегашноста е сè што имате, иднината е неизвесна. Прегрнете го сегашниот миг, а иднината ќе ја прилагодите тогаш кога таа ќе стане “сега“ и “овде“.

7. Минатото ја дефинира иднината

Ако потекнувате од сиромашно семејство или сте правеле грешки во минатото, не значи дека иднината не може да биде подобра. Многу подобра! Ако сте се означиле себеси како неуспешна особа врз база на минатото, тоа ќе се случи и во иднината, но само поради вашиот став. Оставете ги негативните мисли и правете го она што мислите дека ќе ви донесе промени на подобро.

Прочитајте и што значи простувањето и зошто треба да простуваме.

Напишете коментар