Skip to content

Никогаш не ми кажа збогум

Не оди си ти реков

Не оди си ми рече

Верувај дека љубовта е бескрај

Ти реков

Верувај дека љубовта е бескрај

Ми рече.

Нашите раце се спојуваат

Во бескрајна долина

Нашите коси ја испреплетуваат

Секоја боја на виножитото.

Денот е самрак.

Виножитото се сомрачува

Златната боја  се прелева

Во сонцето кое заоѓа.

Нашата љубов

Потонува во бескрај.

 

Напишете коментар