Skip to content

10 мисли од Мерлин Монро кои ќе го освојат вашето срце

Мерилин Монро, родена како Норма Џин Мортенсон, но крстена и одрасната како Норма Џин Бејкер е американска глумица, пејачка и модел.

Таа е запомнета како филмска икона низ целиот свет, чиј живот прерано згасна.

Погледнете дел од мислите на неповторливата Мерлин Монро кои несомнено веднаш ќе го освојат вашето срце.

„Кариерата се гради во јавноста, талентот во тајност.“

„Јас сум убава, но не и божествена. Грешам, но не сум злобна. Добра сум, но не сум ангел.“

„Мудрата девојка бакнува, но не сака, слуша, но не верува и напушта пред да биде напуштена.“

„Кучиња никогаш не ме каснале, само луѓе.“

„Жена сум и уживам во тоа.“

„Подобро да ве мразат поради тоа што сте, отколку да ве сакаат заради тоа што не сте.“

„Верувам дека сè се случува со причина. Луѓето се менуваат, за да научите да ги пуштите. Работите не одат како што треба, за да научите да ги цените кога ќе бидат како што би требало. Верувате во лаги, за на крајот да научите да не верувате на никого освен на себе. Понекогаш, добрите работи пропаѓаат, за да се случат уште подобри.“

„Јас сум себична, нетрпелива и по малку несигурна. Правам грешки, губам контрола и одвреме-навреме тешко е да се справиш со мене. Но, ако не можеш да се справиш со мене кога сум во најлошо светло, тогаш сигурно не ме заслужуваш кога сум во најдобро.

„Јас сум добра, но не сум ангел. Грешам, но не сум ѓавол. Јас сум само мало девојче во голем свет кое се обидува да најде некој што ќе го сака.“

„Ако се придржував до сите правила, никогаш немаше никаде да стигнам.“

Прочитајте и 10 интересни мисли за љубовта кои ќе ве замислат.

Напишете коментар