Skip to content

Скокот – Виктор Кадинец

  • by

Не мислиш дека си се скокоткаме?
Така знаеш, ти со твојата инфериорна недостапност,
јас со мојата инфериорна љубост.
Си го губиме времето како миризлива свеќа
во етерот на безмислениот свет.
А најдовме ли смисла во оваа наша игра,
во која може само да се победи.

Сакаш да се скокоткаме?
На дланки, колку трагата да ни биде јадеж цел ден.
На очите, како пијани погледи, завијани.
На стапалата, од кикот да се штрекниме.

Ме иритираш со твојата тишина,
ме јачиш да вадам душа од душава,
ме уверуваш уште повеќе,
во сè во што неверуваш.

Сакаш да се скокоткаме?
Недостојни сме и јас и ти,
на тој весел плач.
Ноти сме на крај од мелодија,
ко прегорени гитари го изведуваме маршот на дремката
и сржта на прегратката ја прокоцкуваме.
Трагаш ти, трагам јас…случајна средба…
…доволна е думата која сега ја имаш…
…доволна како скокот на дланка.
Да те наполни од љубов!!!
Бар за миг.
Ах, огнени ноти,
запалете свеќа и за нас.
Починавме во сопствените заблуди.
А има друг пат,недостојни сме за скокот.

Напишете коментар