Skip to content

Есенски пејзаж – Димитри Е.Лешниковски

Тажно е лозјето,
грозјето е обрано,
во ливадите во стогови
сеното е обрано.

Гола е шумата,
сронат лист се злати,
тмурно е небото,
невреме ќе фати!

Јато диви гуски
летаат кон југ,
итаат в топли краишта,
немаат избор друг!

Напишете коментар