Skip to content

Инспиритавни цитати од големиот романтичар Алфред де Вињи

  • by

Алфред де Вињи, грофот де Вињи (27 март 1797-17 септември 1863) е француски поет и лидер на францускиот романтизам. Тој, исто така, пишувал романи, драми и правел преводи на Шекспир. Како воено лице со конзервативни и кралски ставови, Де Вињи се разликуваа од повеќето други француски романтичари.

Прочитајте неколку негови цитати каде ја чуствуваме неговата љубов кон самотијата и стоицизмот.

1.Од каква корист се уметностите ако тие се само репродукција и имитирање на животот?

2.На денот кога човекот му ја раскажа приказната за својот живот на друг човек, се роди историјата.

3.Историјата е роман чиј автор е народот.

4.Невидливото е реално. Душите имаат свој свет.

5.Поезијата е ментална болест.

6.Што претставува исполнет живот? Тоа е исполнување на соништата од младоста во староста.

7.Постоењето на војската и смртната казна, се најстрашниот остаток на варварство што преживеале кај луѓето.

8.Ја сакам големината на човечкото страдање.

9.Она што ќе го најдеме во нашето вознемирено срце, каде владее раздорот, се две потреби кои се чини дека се различни, но кои се спојуваат, како што јас мислам, во еден заеднички извор – љубовта за вистината и љубовта за неверојатното.

10.Само тишината е голема; сè друго е слабост. . . Исполнете ја со целото ваше срце својата долга и тешка задача. . . . Тогаш, како и јас, не зборувајте ништо, само страдајте и потоа умрете.

Прочитајте ги мудрите мисли на најпознатиот баснописец Жан де Лафонтен овде

Напишете коментар