Skip to content

С’клет – Виктор Кадинец

Мислам дека те видов таму негде,
недонаспана беше,
заспана, стуткана.
Таму беше негде,
со тоа таму,
ме довикуваше со делот кој ти останал жив.
Мислам дека ме бакна,
ама после ми текна дека ти немаш време,
ни за сон, ни за с’клет.
Па се разбудив, да се преморам
…и повторно да заспијам
…барем во сонот да се видиме.
Ко луѓе.
Спијаш ли мирно, мразулке
или сон не ти дава,
тоа таму.

Виктор Кадинец

Напишете коментар