Skip to content

Да се побегне од тагата – Братислав Ташковски

Братислав Ташковски е роден на 11 септември 1960 година. Студирал новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Ги објавил следниве книги поезија: Прсти во облаците (1987), Бикови во мојот крвоток (1989), Опасна хартија (1991), Ангелот и жедната муза (1994), Демоника (1997) и други. Автор е на неколку драми и романи меѓу кои Расцепен ум (2011) и Актерот (2012).

Добитник е на неколку награди меѓу кои и „Рациновото признание“ и на „Државната наградата за најдобра книга од областа на публицистиката“. Во продолежние прочитајте ги стиховите од неговата збирка Лоши песни (2013) што ги одбравме за денеска. Пријатно читање!

Да се побегне од  тагата

(Овој ден ќе го измислам)

Веќе половина век
бегам од нешто.
Не ме изедоа
пијани призраци,
голи тела и гладни очи –
но секогаш
може да очекувам
голем напад на таква глад.
Тука се,
ги чувствувам
како ми ги мерат коските
со чудни алатки.
И како стии
ми вртат по душата.
Но
тие се како жените
(не можеш да им се лутиш),
затоа е најдобро
во овој измислен ден
да се побегне од тагата.
Да се биде отпадник
од сопствената душа!

Напишете коментар