Skip to content

7 нешта што не треба да ги очекувате од другите

Најголемите разочарувања во нашиот живот често се резултат на неостварени очекувања. Тоа е посебно изразено во нашите односи и интеракцијата со другите. Ускладувањето на вашите очекувања од другите луѓе во голема мера ќе ја намали непотребната фрустрација и патење. Кога ќе бидете ослободени од очекувања тогаш ќе почнете да обрнувате внимание на она што е вистински важно.

1. Не очекувајте да се согласат со вас

Вие заслужувате да бидете среќни и да го живеете животот по ваша мера. Не дозволувајте мислењето од другите да ве наведат да го заборавите ова. Вие не сте дојдени на овој свет за да ги исполните туѓите очекувања. Ниту би требало да чувствувате дека другите луѓе живеат за да ги исполнат вашите очекувања. Всушност, колку повеќе самите себеси си ги одобрувате одлуките во животот, помалку ви треба одобрение од некој друг. Бидете она што сте и следете ја својата интуиција. Не се споредувајте со другите. Следете го својот пат и останете искрени кон себе. Ова не значи дека и понатаму нема да учите и трагате, но тоа нека биде поради тоа што вие сакате.

2. Не очекувајте вас да ве почитуваат повеќе отколку што вие се почитувате себе

Силата е во духот, не во мускулите. Таа лежи во имањето верба и доверба во себе, и подготвеност да дејствувате имајќи го ова на ум. Одлучете дека во овој миг повеќе никого нема да молите за љубов, почит и внимание кое би требало да го имате кон себе. Денес погледнете се во огледало и речете „Те сакам и од сега ќе дејствувам на тој начин.“ Важно е да се биде добар кон другите, но уште поважно е да се биде добар кон себе. Кога практикувате љубов и почитување кон себе, вие си давате прилика да бидете среќни. Кога вие сте среќни, ќе бидете и подобри пријатели, подобар член во семејството, подобри во сè.

3. Не очекувајте (и немајте потреба) да им се допаднете

Можете да се чувствувате непосакувани или недостојни од страна на некоја особа, но некому друг сте непроценливи. Не ја заборавајте својата вредност. Поминувајте време со оние кои ве ценат. Без оглед колку сте добри кон луѓето, секогаш ќе постои барем една негативна особа која ќе ве критикува. Насмевнете се, игнорирајте ги и продолжете понатаму.

Во денешниот свет кој се обидува да ве увери да сакате секого, најтешка битка која некогаш ќе морате да ја добиете е да бидете она што сте. Додека се борите, нема сите да ве сакаат. Некогаш ќе ви лепат етикети бидејќи сте „поинакви“. Тоа е совршено во ред. Нештата кои ве прават поинакви се токму оние поради кои вие сте баш вие. Вистинските луѓе поради тоа и ќе ве сакаат.

4. Не очекувајте другите да бидат она што вие сакате да бидат

Да се сакаат и почитуваат другите значи да им се допушти да бидат она што се. Кога ќе престанете да очекувате од луѓето да бидат нешто, вие почнувате да ги почитувате. Обрнете внимание и почитувате ги луѓето поради она што се, а не поради она што вие сакате да бидат. Ние не ги познаваме другите ни половина од она што мислиме. А вистинското познавање е она што го чини некого прекрасен. Секое човечко битие е извонредно и прекрасно, но се потребни трпелив пар очи за тоа да се види. Колку повеќе некого запознавате толку повеќе ќе бидете во состојба да погледнете над нивната надворешна појава. И тогаш ќе ја видите убавината на она што некој е под површината.

5. Не очекувате очекувајте да го знаат она што го мислите

Луѓето не можат да читаат мисли. Никогаш нема да знаат како се чувствувате ако не им кажете. Вашиот шеф нема да знае дека вие се надевате на унапредување ако не му кажете. Симпатичниот дечко со кој не успеавте да разговарате бидејќи сте срамежливи не ви даде дел од својот ден бидејќи и вие не му дадовте дел од вашиот ден.

Во животот потребно е да комуницирате со другите, редовно и содржајно. И често, вие сте тие кои треба да пуштите глас и да ги изговорите првите зборови. Треба да им кажете на луѓето што мислите. Тоа е едноставно така.

6. Не очекувајте одеднаш да се променат

Ако постои специфично однесување коешто го има некој што ви значи, а очекувате со времето да исчезне, најверојатно тоа нема да се случи. Ако навистина имате потреба нешто да промените, бидете искрени, и ставете ги сите карти на маса. На тој начин особата ќе знае што чувствувате и што сакате од неа.

Луѓето не можете да ги менувате ниту би требало да се обидувате. Или прифатете ги какви што се или одлучете да живеете без нив. Може да звучи грубо, но не е. Важно е да им дадете слобода да бидат она што се и да ги поддржувате.

7. Не очекувајте другите секогаш да бидат добро

Бидете пољубезни отколку што е потребно бидејќи секој што ќе го сретнете се бори со сопствени битки, токму како и вие. Секоја насмевка или знак на сила кријат внатрешна комплексна борба, истовремено извонредна какви што сте и вие.

Запомнете дека прегрнувајќи го своето светло не значи занемарување на вашата темнина. Се обидуваме да ги надминеме своите несигурности, а не да ги избегнуваме. Поткрепата, споделувањето и помагањето на другите се едни од најголемите животни награди. Кога ќе сфатиме дека сите имаме слични сонови, потреби и борби тогаш ќе сфатиме дека светот е место каде можеме да погледнеме некого во очи и да му кажеме: “јас сум изгубен и се борам во овој миг“, и некој може слободно да одговори: „и јас“. И ова е сосема во ред. Да не се биде добро постојано е сосема во ред.

Прочитајте ги следниве прашања што секој треба да си ги постави пред донесување клучна одлука.

Напишете коментар