Skip to content

Нешто – Виктор Кадинец

  • by

Ние всушност не бевме ништо.

А што е ништо?

Сите биле ништо, па нешто, па ништо или  нешто.

Сите?

Па кои се сите, не се сите исти.

Да би биле сите исти, сите би биле нешто или ништо.

Нешто или ништо?

Ние всушност сме нешто.

Ама заглавивме кај ништото.

Не како сите. Како нас.

Оти не се сите исти,

освен ти и јас.

…му рече солзата, на окото.

Гледаш, сите плачат малечка,

само ти од мене, а јас за тебе.

Ти за ништо, а јас за нешто.

Ти за нештото што го носиш,

јас за ништото што го крепам.

Лесно е да несакаш ништо,

кога се плашиш од нешто…

вистинско.

Виктор Кадинец

Напишете коментар