Skip to content

Васко Попа – Критика на поезијата

Васко Попа (Гребенац, 29 јуни 1922 — Белград, 5 јануари 1991) е српски поет. Денес, Попа се смета за еден од најголемите српски поети. Напишана со современ јазик во кој се препознаваат мелодичноста и метафоричноста на народните умотворби, со слободен и ритмички извонредно организиран стих, елиптична и идиоматска во изразот, лексички многу богата, поезијата на Васко Попа му гради траен споменик на човечкиот дух, иако секогаш се движи по самата граница на нихилизмот.

Уживајте во неговите стихови и песната „Критика на поезијата“.

Критика на поезијата

По читањето стихови
На поетска вечер во фабрика
Започнува разговор

Еден лисест слушател
Лицето му е испишано со сончеви пеги
Подига два прста

Другари поети
Кога јас би ви го устихувал
Целиот свој живот
Хартијата веднаш би поцрвенала

А потоа би се запалила

Напишете коментар