Skip to content

Поезија и пламен – Виктор Кадинец

  • by

Пресечи го срцето и ќе пронајдеш
пламен и поезија.
Пламенот ита кон очите,
тие гледаат сè во розово.
Ти ги голта усните,
како калинка разгмечена,
на крајот ти ползи до душата
и веќе не чекориш по земјата.
Поезијата ти слегува од очите,
како матнина ти виси на клепките
и ангели ти шепотат,
стојат ко занемени,
на крајот ти ползи до душата
и веќе не чекориш низ студенилото.
Во ладното срце не ќе изгори
љубовта кон Бог,
дури ни на северниот пол,
ни солзи ќе пресушат,
бидејки искрата, пламен ќе биде.
Можеш да го угасниш пламенот,
како солзи на блесаво дете,
но не ја убивај поезијата,
затоа што солзите ќе пресушат,
а ти ќе бидеш вљубена во мене.

Виктор Кадинец

Напишете коментар