Skip to content

Клучно прашање што треба секој да си го постави за полесно надминување на анксиозноста

За анксиозноста пишувавме повеќе статии, една од нив е следнава. Анксиозноста се манифестира преку повеќе физички и психички симптоми кои се доживуваат како многу непријатни. Кога ќе почувствувате нешто што личи на “заканувачко“ вашето тело ослободува кортизол, хормон за стрес кој го подготвува телото за акција. Ова се нарекува одговор на стрес.

За луѓето во минатото ова значело да се биде подготвен за борба, да се бега или да се глуми “мртов“ односно замрзнат кога се соочувале со страшни закани, како некоја голема мечка или страшен тигар.

Во денешниот модерен живот ние за среќа не се среќаваме со гладни мечки и страшни тигри, но сепак секојдневните предизвици пак нè прават анксиозни. Сето ова благодарение на реакцијата на мозокот која функционира како пред многу години. Најчесто два збора се водечки во предизвикувањето анксиозност, а тие се “Што ако?“.

Примери за реченици што почнуваат со “Што ако?“ во денешно време ги вклучуваат следниве:

Работни потреби:“Овој нов шеф е толку упорен во барањата и изгледа невозможно да се задоволи! Што ако ја изгубам мојата работа:“

Временски ограничувања: “Што ако не можам да стигнам на работа навреме?“ или “Што ако не успеам да го однесам моето дете на училиште навремено?“

Притисоци во односите/врските со другите: “Тој е толку мил и симпатичен, но што ако ме откачи?“

Општествени притисоци: “Толку сум исплашен/а од овие бучни времиња во кои живееме сега! Што ако оваа држава се распадне?!“

Премногу информации: “Помислив дека го видов твојот имејл (или текст), мислев да одговорам, но заборавив! Што ако ваквите нешта ми се случуваат и моите мејлови ќе бидат незабележани?“

Добрите вести се дека овие мисли во вашиот ум можат да се скротат

Ако лошите вести се активирани од делови во мозокот спремни за реакција, во него постои уште еден ден наречен префронтален кортекс (или дел за размислување). Главната задача на тој префронтален кортекс е да обезбеди логично размислување за помош во контролирање на емоционалните одговори на стрес. Тој помага да не бидеме премногу возбудени, под стрес или претерано бурно да реагираме.

Исто така тој го намалува ослободување на кортизол, и ја препознава ситуацијата според степенот на опасност. Логичкиот дел од мозокот е многу важен за справување со анксиозноста и смирено реагирање на стресни, анксиозни настани. Секогаш кога ќе бидете под стрес свесно треба да запомните да го вклучите тој дел за да ја вратите контролата.

Главното прашање што треба да се постави секогаш сред анксиозна мисла или напад

Тоа гласи: „Што е најлошото нешто што може да се случи?“

Еве еден пример за почеток како да се употребува ова прашање и насока на размислување

„Што ако се случи да ја изгубам работата грижејќи се за моите деца за време на оваа пандемија?“

„Најлошото нешто што може да се случи е дека ќе треба да барам друга работа која можеби уште повеќе ќе одговара на мојата животна ситуација. Дури и ако ми треба повеќе време од што јас сакам за да добијам нова работа, помага кога се потсетувам себеси на минатото кога наоѓав начини да се борам во тешки мигови. Всушност, сега за сето ова мислам логично, мислам дека ќе разговарам со мојот супервизор и ќе погледнеме дали може да се смисли нешто за сегашнава ситуација“.

Сега имаме една мала задача за вас. Пополнете ги празните линии подолу и дадете му моќ на ова прашање што почнува со Што ако. Обидете се да размислите што ви предизвикува најмногу анксиозност и размислете што е најлошото што може да се случи. После логичкото и смирено размислување ќе видите дека многу нешта сте ги преувеличувале.

Што ако

_________________________________________________________________________? Најлошо нешто што може да се случи е _________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

Што ако

_________________________________________________________________________? Најлошо нешто што може да се случи е _________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

Прочитајте и како полесно да ја надминете исцрпеноста при зголемена анксиозност.

Напишете коментар