Skip to content

Жили де Лепинас – Луѓето живеат само од суета и амбиција, а јас само за да сакам

Жана  Жили Елонор де Лепинас (9 ноември 1732 – 23 мај 1776) била француска писателка позната по своите писма и максими кои се објавени постхумно.

За време на Просветителството таа држела познат салон во Париз. Нејзините писма за жал сведочат за нејзините  две трагични љубовни врски, за нејзината желба да сака, да биде сакана, но останува сама до крајот на својот живот. Била независна и слободна жена која останува да биде инспирација за жените во светот.

Прочитајте ги нејзините цитати кои ќе го оплеменат вашето срце:

1.Те сакам како што секој треба да сака, прекумерено. Со доза на лудост, воодушевување и очај.

2. Ми ја смирувате душата. Ја исполнувате со толку нежно чувство што е слатко да се живее кога ве гледам.

3.Ах! Господе! Како само го губите умот кога сте вљубени! Точно е дека не ја губите душата, но што може да се направите само со душата?

4.Клеветата се шири како маслена дамка: ние се обидуваме да ја исчистиме, но трагата останува.

5.Го сакам препуштањето на нагонот, дејствувам само од нагон и лудо посакувам другите да го прават истото како мене.

6.Во љубовта, големите задоволства се тесно поврзани со големите болки.

7.Да сакаш значи да склучиш пакт со болката; да не сакаш е да бидеш жив мртовец.

8.Моите најскришни мисли се исполнети само со тебе.

9.Ако е лудило да те сакам, со задоволство прифаќам да полудам.

10.Јас сум слободна и независна и се предавам целосно на себеси и не се каам за тоа.

11.Луѓето живеат само од суета и амбиција, а јас само за да сакам.

12.Нема несреќа што може да се спореди со длабоката и несреќна страст.

13.Човечкиот вид не е злобен, тој е само глупав.

14.Три месеци без да те видам, тоа не значи дека си отсутен, туку дека си мртов.

15.Повеќето жени не треба да бидат сакани, тие само сакаат да бидат повеќе ценети.

16.Во љубовта, ја мразам разумноста; сакам целосно препуштање, и дејствувам уште при првиот потег.

17.Сакај ме, наместо да ме фалиш.

18.Што и да правиме, нема да знаеме да ја измамиме совеста.

Напишете коментар