Skip to content

На Есенин

Песна посветена на големиот руски поет Сергеј Есенин:

На Есенин

Ништо не е ново во животот Есенине,

Ни твоите песни, ни твоите скандали,

Само твоите песни се нов облик на страст

Која се насобрала во твојата душа како пласт.

 

Од љубовта се одљуби и остави толку траги

Што други животи после тебе дари

Но и одзеде една душа бедна

Која покрај твојот вечен студен дом седна.

 

Не ја сакаше студената руска идила

Но таа беше твоја родна мила

Таму Пушкин и Толстој беа твоја крв

Но, ти се раздели од неа прв.

 

Животот не е животарење како што ти знаеше добро

Но, селото твое беше на твојта душа сродно

Луташе низ целиот свет со вотка во очи

Твоето срце знаеше само руски стихови да точи.

 

Не ја познаваше никој твојата ќуд

Само твојата песна го знаеше твојот нарав луд

Не ти беше лесно да го напуштиш овој свет

Зошто беше поголем од неговата свест.

 

Замина брзо како што течеше и животот твој

Само еден миг потребен беше

Да ги затвориш очите и да пребегнеш

Но остави славни стихови на кои им нема број.

Напишете коментар