Skip to content

Кратка поучна приказна за недоразбирање меѓу сопруг и сопруга

Прочитајте ја кратката приказна за сопругот и сопругата и дознајте како тие си покажале еден на друг колку се сакаат.

Си бил еден многу сиромашен човек кој живеел со својата жена. Еден ден неговата сопруга која имала многу долга коса го замолила да ѝ купи чешел за коса. Човекот се почувствувал тажно и рекол дека нема доволно пари ниту да го поправи ременот на часовникот кој пукнал. Таа не инсистирала.

Следниот ден човекот поминувал покрај продавница за часовници, застанал за миг и донесол одлука! Го продал својот оштетен часовник по ниска цена, а потоа отишол и ѝ купил чешел на својата жена. Вечерта се вратил од работа со чешелот во рака подготвен да ѝ го даде на својата жена. Бил изненаден кога ја видел потстрижана со многу кратка коса. Таа ја продала својата коса и во раце чувала нов ремен за часовник!

Двајцата почнале да плачат од среќа, не бидејќи ги потрошиле парите туку бидејќи виделе колку се сакаат меѓусебно.

Прочитајте ја и оваа поучна приказна за двата ангели кои во две ноќи преноќиле на две места.

Напишете коментар