Skip to content

Цитати од Марина Цветаева за животот, сонот и љубовта

Поетесата Марина Цветаева е родена на денешен ден. Нејзината биографија можете да ја прочитате овде. Била исклучително посветена на пишувањето и покрај тешкиот и сиромашен живот.

Во продолжение прочитајте ги нејзините најпознати цитати.

„Единственото нешто што луѓето не го простуваат е фактот дека сепак сте успеале без нив.“

„Секој што се смее на туѓата несреќа не е будала или никаквец туку и едното и другото.“

„Гревот не се раѓа во темница, туку во светлото на неписменоста.“

„Те бакнувам сега, низ растојание од илјада години.“

„Во тебе ги гледам хероините од Шекспировите трагедии. Ти, несреќна дама, никогаш не беше спасена од никого.“

„Ако го сакам човекот посакувам да му биде подобро од мене – барем од пришиено копче. Од пришиено копче – од целата моја душа.“

„Сега кога си ми најблизок можеш најмногу да ме повредиш.“

„Им благодарам на оние коишто ме сакаа бидејќи ме научија да ги сакам другите. Благодарна сум им и на оние кои не ме сакаа бидејќи ме научија да се сакам себеси.“

„Што ме боли сега? Не е ниту забот, ниту главата, ниту стомакот. Мора да е душата.“

„Ќе те сакам цело лето“ – звучи поуверливо од ‘цел живот’ – и што е најважно – многу подолго!“

„Сонувајте заедно, спијте заедно, но секогаш плачете сами.“

„После бессона ноќ, телото губи сила. Станува поблиско, но никој повеќе не го поседува, дури ни вие.“

„Сакам да спијам со тебе, да заспијам и да спијам. Тој прекрасен народски збор, колку длабок, вистински, недвосмислен, колку точен како што се вели. Само – спиење. И ништо повеќе. Не, уште нешто: и во најдлабокиот сон да знам дека си ти. И само уште: да слушнам како звучи твоето срце. И како бакнува твоето срце.“

„Сакам толку скромна, моќна, а едноставна работа – кога човекот ќе ме види да стане среќен.“

„Мажите не се навикнаа на болка како животните. Кога ги боли одма им се олкави очите. Подготвени се да направат сè, само таа болка да престане.“

„Љубовта значи да се сака личноста каква што ја створил Бог, а не како што ја обликувале родителите.“

Прочитајте ги и следниве мудри и инспиративни цитати од Јован Дучиќ.

Напишете коментар