Skip to content

Валкани чевли – Виктор Кадинец

  • by

Ја лажам перницава дека сонувам.
Ете сум надвор од рамката,
само 30 – тина сантиметри од твоето око.
Чекај, чекај… или во тебе сум.
…или како валкани чевли во претсобјето стојам…
трагите од надвор,
ти се оставени внатре.
Знаеш, дадов отказ од љубовната канцеларија…
абе го фрлив така срцето како валкани чевли..
А ти се обиде да пишуваш злато мое,
но текст во тебе немаше.
А мене, мене на кожата ми иде да ти пишувам.
Од папокот ќе почнам, ќе исцртам срце околу него.
Па, стих по стих ќе те ишарам со мисли.
Да те замислам, да се читаш после
и на раце и на нозе, на препони…
сегде ќе навезам мисла,
освен 30-тина сантиметри од твоето око, кај срцето…
Сè што некој чека,
е на клупата во паркот,
со кутија цигари и валкани чевли.
А карантин се спрема…

Виктор Кадинец

Напишете коментар