Skip to content

Кои знаци покажуваат дека негативната енергија ве исцрпува?

Кога се чувствувате депресивно добра идеја е да почнете со елиминација на отровните елементи од телото за да се чувствувате подобро. Негативната енергија може да ве исцрпи. Таа може да се опише како ниско ниво на расположение кое проникнува во целото ваше тело и во другите околу вас.

Веројатно е дека ќе ја забележите таа негативна енергија, а ќе ја забележат и луѓето околу вас. Ако можете да ја препознаете тогаш можете и да се ослободите од неа. Но и да го подигнете своето расположение и нивото на енергија.

Нашето секојдневно расположение е како некој вид заразен ефект. Можеме да направиме другите да се чувствуваат сјајно во наше друштво или можеме да ги онерасположиме. Првиот вид го преферираме бидејќи кога се чувствуваме енергично и возбудено автоматски го подобруваме своето здравје и квалитетот на живот.

Следниве знаци покажуваат постоење негативна енергија и сигнализираат дека треба нешто да се промени за создавање позитивна енергија и радост.

Депресивни сте

Ако забележувате депресивни симптоми тоа е јасен сигнал за негативна енергија и нејзино влијание врз вашиот живот. Депресијата не е одбивање на позитивноста или неспремност за вклучување во весели активности, туку е неможност да се натерате самите себе да се чувствувате среќно и мотивирано. Важно е да се прави разлика помеѓу клиничка депресија и депресивни симптоми. Симптомите можат да се јават и да траат пократко, но не треба да се занемаруваат.

Работите до доцна во ноќта

После долгиот ден на работа голема е веројатноста да почувствувате поголема негативност ако се соочувате со стресот сами дома. Во текот на целиот работен ден се смалуваат менталната и физичката енергија што значи дека вашата толеранција за стрес и мотивација за покомплицирани ментални задачи е многу ниско после работниот ден.

Обидете се стресот од работа да не го носите со себе. Правење список со работни задачи за следниот ден е еден начин да се подготвите и да го оставите стресот настрана кога ќе се вратите дома. Ако работите дома, можете да си направите посебен работен простор.

Вашиот животен простор е комплициран

Кога живеете со некого, ќе имате прилика повеќепати да го видите другиот уморен, болен или раздразлив. Без оглед дали живеете со цимер/ка, со најдобриот пријател или со партнер/ка, негативната енергија може да се појави во домот кога распоредот е различен.

Најдобро е да се разговара со тие со кои го делите истиот покрив за да дојдете до компромис кој ќе им одговара на сите.

Се споредувате со другите

Живееме во состојба на постојано споредување што немаме и што не сме постигнале.

Не се обидувајте да живеете по стандардот на површни снимки од туѓите животи. Препознајте се и ценете се себеси со достоинство со кое се однесувате кон другите луѓе, жртвите кои ги направивте за своите најмили или постигнувањето на вредна цел, и малите добри дела што сте ги направиле. Вашиот живот е ваша лична патека по која чекорите, и не мора ниту малку да наликува на туѓите патеки.

Вашиот распоред е преполн

Кога вашиот распоред е преполн и брз, трчате наоколу од едно место до друго, тешко е да не се биде негативен. Тештко е да не се чувствува анксиозност. Ако чувствувате ваков притисок, можеби е време да направите нешто забавно за себе, нешто што ќе ви го разубави денот. Еднаш неделно или месечно дозволете си нешто како масажа или пенлива купка со добро вино кое ќе ви биде како награда за вашата успешна работна недела.

Забележувате лоша енергија кај другите

Ние сме како огледала, говорот на тело и енергијата на тие околу нас се рефлектираат. Ако чувствувате лоша енергија во комуникација со други луѓе можеби причината сте вие. Запрашајте се дали би сакале да учествувате во разговор со самите себе ако бевте некој друг.

Бидете искрени. Ако забележите дека негативната енергија доаѓа од вас, а не од некој друг, најдобро е да не го продолжувате разговорот.

Многу сте чувствителни, повќе од вообичаено

Ако често се чувствувате премногу емотивно и емоциите ве гушат повеќе од нормално, можеби трошите премногу време занимавајќи се со негативна енергија. Честопати се обидуваме да ги оттргнеме тие емоции од нашите животи, но тие можат да бидат добар предупредувачки знак дека нешто во животот треба да промениме.

Кога ќе забележите емоции во облик на физички сензации како чукање на срцето или потење на дланките, наместо да се обидувате да ги скратите тие сензации, овозможете им едноставно да пројдат низ вашето тело како бран. Со емоциите можете да бидете сигурно во две работи: сите имаат емоционални реакции, и на крајот сите тие поминуваат.

Ако ја набљудувате нивната присутност без осудување тие побрзо ќе го достигнат нивниот максимум и на крајот ќе се истрошат без воопшто да вложите труд.

Поминувате премногу време на интернет

Ако поминувате премногу време на друштвени мрежи тоа може да наштети на вашето здравје. Негативноста што може да произлезе од таму при споредување со другите, може да се пренесе во вас во текот на целиот ден.

Со текот на времето, физичките последици од таквите емоции можат да доведат со ослабен имунолошки состав, хронично ослободување на кортизол. Ограничете го времето што го поминувајте “онлајн“ и ќе бидете посреќни во текот на денот.

Вашиот внатрешен говор е негативен

Ако секогаш внатрешниот говор ви лични на ова: „Не можам тоа да го направам“ или „Изгледам ужасно во овие алишта“, морате да поработите на стекнување оптимизам. Позитивните афирмации и секојдневното делење комплименти на себеси (дури и ако не верувате во нив) може да ви помогне за ослободување од негативните емоции. Кога ќе се погледнете во огледало речете си дека сте неверојатни, практикувајте го ова секој ден. Со текот на времето расположението ќе се подобрува.

Обрнете им внимание на овие знаци, утврдете кои најчесто се јавуваат кај вас.  Дали истите се совпаѓаат со ова што е напишано? Не се плашите од вашите емоции, дури и кога се негативни. Не дозволувајте тие да преовладуваат со вашиот начин на функционирање и живеење.

Дознајте и кои отровни мисли ја уништуваат среќата.

Напишете коментар