Skip to content

Партизански песни

Во чест на денешниот празник ви претставуваме неколку партизански песни во чест на оние кои го положија својот живот за нашата слобода.

Таму ле мајко близу Битола

Таму ле мајко, близу Битола,

во ореовската густа корија,

Таки Даскалот смело загина

со неговата верна дружина,

со нив загина смела девојка,

млада Елпида Карамандова.

Предадени од клети шпиуни,

ги сардисаа од сите страни,

пушки згрмеа, бомби трештеа,

крвава почна борба нерамна.

Тогај извика Таки Даскалот

на неговата верна дружина:

– Фрлајте бомби, тиран сотрете,

живи во рака не се давајте.

Клети тирани во борба нерамна

сета дружина му ја убија,

Таки Даскалот жив не се даде,

откачи бомба, над неа легна,

самиот крвта си ја пролеа,

за слободата на Македонија.

Хитлер вика од Берлина

Хитлер вика од Берлина:

– Предајте се партизани,

млади моми партизанки!

Моја сила крај си нема,

имам штуки и тенкови,

бомбардери и топови,

ќе изгорам ваша земја,

ваша земја – македонска!

Предајте се, да ви простам!

Штом ги дочул тие зборој

студент Славко Лумбарков,

млад комесар од Битола,

на Хитлера му порача

од кичевски планини:

– Запомни ѕверу германски,

како мина при Сталинград,

така ќе минеш и в Берлин!

Каде си слушнал и видел,

партизан да се предава?!

Напред, другари, во борба!

Иввор: Симо Младеновски, Живко Андреевски (ур.), „Доста ропство и тиранство: македонски народни песни со тематика од НОВ и револуцијата“, Скопје, 1978, 30 страна

Песна за Цветан Димов

Во скопските бездани мачилишта

лежи Цветан, збор не прозборува;

трештат камџијите,

пукат му жилите,

но очите му горат и режат.

Пет дена грозните мачители

коски кршат и живот му цедат.

Малчете, малчете,

потифко зборвете –

ЦВЕТАН ДИМОВ умире во маки!

За гозба се спремајат џелатите:

крф ќе пијат на нашиот Цветан…

Беснеј музиката…

Беснеј камџијата…

Македонец умире за народ!

„ОДМАЗДА, ДРУГАРИ, САКАМ ОД ВАС,

КРФТА МОЈА НЕК’ СКАПО СЕ ПЛАТИ!“

Малчете, малчете,

потифко зборвете,

Цветан Димов умире во маки…

Коста Солев Рацин, „Поезија“, „Наша книга“, Скопје, 1987, 203 стр.

Напишете коментар