Skip to content

Елвис Присли и неговата хуманост прикажана преку вистинит настан случен на концерт

За време на концертот од Елвис на 20 јули 1975 г. атмосферата била одлична. Кралот на рокенролот делел марами, се шегувал со публиката и бендот и пеел само како тој што знаел. Тогаш на средина од концертот дознал дека во публика имало слепо девојче кое го обожавало. Го замолил своето обезбедување да го одведе девојчето на бината. Го исклучил микрофонот. Потоа Елвис клекнал пред девојчето.

– Слушнав дека ти се допаѓаат моите плочи, драга.

– Вистина е господине. Ги слушам секоја вечер пред спиење.

Потоа девојчето го прашалo Елвис дали би можела да го допре неговото лице бидејќи мајка ѝ секогаш ѝ кажувала дека имал исклучително убаво лице. Елвис ѝ рекол дека нема потреба бидејќи неговото лице не било ни приближно убаво колку нејзиното. Девојчето го прегрнало, а Елвис ја замолил за автограм. После концертот, Елвис ѝ ја платил целокупната операција за враќање на видот. И не само тоа туку и на нејзиното семејство му овозможил да ја однесат на секој негов концерт целосно бесплатно.

На фотографијата е прикажана сцената од истиот концерт, со истото девојче.

Напишете коментар