Skip to content

Кои се тајните на вредносниот систем на Apple?

Apple важи за една од најуспешните и најиновативните компании во светски рамки. Иновативноста  е она што ја довело оваа компанија на врвот, но дали таа е единствена причина за тоа? Apple има речиси совршен вредносен систем кој ја издвојува оваа команија од сите останите.

Вредносниот систем на Apple во себе ги инкорпорира следните вредности: достапност, едукација, околина, инклузија и различност, приватност, одговорност на добавувачите.

Прва вредност на компанијата е достапноста

Компанијата верува дека технологијата треба да биде достапна за секој и континуирано ги адаптира своите производи, со цел да ги направи достапни за сите. Apple часовникот за фитнес има алогаритми за корисниците на инвалидска количка, кои, наместо да ги мерат изминатите чекори, ги мерат туркањата на тркалата.

Едукацијата е втора вредност на Apple

Компанијата верува дека со употреба на  нејзините производи во образовниот процес може да се подобри квалитетот на образованието и стекнатите знаења на учениците. Заради тоа компанијата има донирано 100 долари за предавање и учење во 114 училишта низ САД. Apple донира iPad за секој студент и Mac и iPad за секој наставник и телевизор за секоја училница. Apple имплементира програми за планирање и професионални знаења, така што секое училиште може да ја почувства бенефицијата од користењето на технологијата во образовниот процес.

Околината е трета вредност на компанијата

Аpple верува дека “Нашата планета го заслужува нашето најдобро размислување“. Зазема ист пристап кон околината, како и кон своите производи. Сите објекти на Apple користат обновлив извор на енергија, а компанијата развива бројни програми за зголемување на свеста за користење на обновливата енегрија, заштита на водите, заштита на целата животна средина.

Инклузијата и различноста се на четврто место во вредносниот систем на Apple

Компанијата смета дека најиновативните компании мора да инкорпорираат различности и да го отсликуваат светот, во целост. Менаџерот за човечки ресурси на Apple ќе каже “Различноста е многу повеќе од еден пол, раса или етничка припадност. Таа е богато претставување на сите луѓе, позадини и сите перцепции. Таа едно целокупно човечко искуство.“

Петта вредност на компанијата е приватноста

Таа претставува основа во креаирањето на хардверот, софтверот и програмите на компанијата. Имено, компанијата им нуди опција на корисниците на нејзините производи да одлучат дали своите информации ќе ги споделат со компанијата, користејќи ги нејзините продукти. Дури и да се одлучат да ги споделуваат своите информации, подоцна, доколку ќе се предомислат, имаат можност да го стопираат споделувањето на информациите со компанијата.

Шеста вредност да компанијата е одговорност на добавувачите

Компанијата има поставено високи стандарди, но исто така им нуди и поддршка на своите добавувачи. Компанијата има креирано стандарди за добавувачите со цел да осигура фер соработка, безбедна и сигурна снабдувачка со потребните суровини и заштита на околината. Компанијата не толерира корупција или соработка преку врски. Таа им помага на своите добавувачи со тоа што им создава системи за заштита при итни случаи, како што се пожар, ексползии, земјотрес или некои други природни катастрофи.

Прочитајте за негативните аспекти од користење социјални мрежи.

Напишете коментар