Skip to content

Митот за животот на Аполон и за Аполон и Питон

Животот на Аполон

Кога Аполон пораснал, неговите верни придружници биле златната лира и сребрениот лак. Тој отишол во Делфи да му се одмазди на Питон кој го прогонувал и се обидел да ја силува неговата мајка. Го нашол во залив под Парнас и го убил со стрели, закопувајќи го неговото тело во земја.

Во тоа време земјата се викала Питон и тој го сменил нејзиното име во Делфи, за никогаш повеќе никој  да слушне за неа. Но, пророчицата од Делфи и понатаму била нарекувана – Питија. Тој  така основал познато светилиште на местото на неговата победа над Питон. Во тој залив имало и извор што испуштал пари кои им помагале на пророчиците да западнат во транс.

Кога Зевс го убил со молња Асклепиј, синот на Аполон, Аполон го убил Киклоп, неговиот син за да се одмазди. Наместо да биде протеран во Тартар засекогаш, тој заминал во Тесалија по наредба на Зевс и му служел на добриот Адметус како обичен овчар. Аполон бил импресиониран од гостопримството на Адметус и направил сите крави да му раѓаат близнаци, а исто така му помогнал да ја освои раката на принцезата Алкестида, ќерката на Пелиус.

Кога се приближувала зимата, тој одел со својата кола впрегната со  лебеди во Хипербореја, каде владеела  вечна пролет. Пролетта и летото ги поминувал во Делфи, а есента и зимата во таа земја, а понекогаш и на Олимп.

Пристигнувањето на Аполон на Олимп секогаш донесувало радост и добро расположение. Доаѓал како водач на Музите, свирел лира, и никој не му бил рамен, па дури и Арес воздивнувал на неговата свирка. Аполон и Артемида му биле омилени на Зевс и тоа било причина за љубомора кај другите богови.

Аполон и Дафне

Ерос бил љубоморен на Аполон, кој се потсмевал на неговите стрелачки способности, а исто така бил нервозен од убавото пеење на Аполон. Ерос и испратил стрела на Дафне за да го одбие Аполон, кој се вљубил во неа. Таа се молела на Мајката Земја и на нејзиниот татко, речен бог, да и помогнат. На крајот, нејзиниот татко ја претворил во ловорово дрво и дрвото му го посветил на Аполон.

Аполон и Леукотеја

Аполон имал врска со смртната принцеза Леукотеја, ќерката на Орхам и сестрата на Клитија. Леукотеја го сакала Аполон, и тој се маскирал во нејзината мајка за да може да влезе во нејзините одаи. Клитија била љубоморна на својата сестра затоа што самата го сакала Аполон и му ја кажала вистината на својот татко, изневерувајќи ја својата сестра и нејзината доверба. Орхам бил бесен и наредил Леукотеја да биде погребана жива. Аполон не можел да и прости на Клитија и таа починала од жалост, а Аполон ја претворил во сончоглед кој го следи Сонцето секој ден, симболизирајќи го самиот Аполон, богот на сонцето.

Аполон и Коронида

Коронида, ќерка на кралот Флегија, беше љубовница на Аполон, и му родила син Асклепиј. Додека била бремена со него, таа се вљубила во Иши, синот на Елат, и една врана му ја соопштила веста за измамата на Аполон. На почеток не  и верувал на враната и го обои целиот вид во црна боја (дотогаш враните биле бели), за да ја казни за лажењето. Подоцна, дознавајќи дека ова е вистина, тој ја испраќа својата сестра Артемида да ја убие Коронида, а исто така ги направи свети сите врани и им даде задача да објават смрт. Аполо ги спасил Коронида и неговото дете и му ги дал на Кентаур Хирон да го одгледа. Флегија бил лут заради смртта на неговата ќерка и го запали храмот на Аполо кај Делфи, а Аполо го убил за тоа.

Аполон и Марпез

Аполон исто така ја сакал Марпез, и ја киднапирал од Ида. Зевс ја натерла да избере меѓу нив двајца, а таа го избрала Ида затоа што како што рекла ќе му биде досадна на бесмртниот Аполо кога ќе остаре.

Касталија беше нимфа што ја сакал Аполол. Таа избегала од него и се нурнала во извор во Делфи, кој потоа го добил нејзиното име. Овој свет извор беше инспирација за поетите, а водата се користела за чистење на светилиштето.

Аполон и Кирена

Со Кирена имал син Аристеј, кој станал покровител на говедата, овошјето, ловот, бракот и пчеларството. Ги научил луѓето да користат млечни производи и мрежи и стапици во лов, а исто така ги научил и на одгледување маслинки.

Аполон и Хекуба

Со Хекуба, сопругата на кралот Пријам, тој го доби синот Троил. Пророчицата прорекла дека Троја нема да биде поразена се додека Троил не наполни дваесет и седум години. Тој и неговата сестра Поликсена подоцна биле убиени во заседа од Ахил.

Аполон и Касандра

Аполон исто така се вљубил во Касандра, ќерка на Хекуба и кралот Пријам, полусестра на Троил. Тој и вети дар на пророштво за да ја заведе, но таа студено ги одбила. Разгневениот Аполон и дал дар на гатање, но тој ја проколнал така што никој никогаш не и верувал.

Прочитајте го овде Митот за раѓањето на Аполон

Напишете коментар