Skip to content

Поучна приказна: Сè што зборуваш сведочи за тебе сам

Сè што зборуваме сведочи за нас самите, а дека е тоа вистина најдобро е прикажано преку следнава кратка поучна приказна.

Прочитајте ја во продолжение.

Еден селанец предвечер седел на прагот од својот дом и уживал во свежото ветре. Покрај неговата куќа се наоѓал патот кој водел до градот. Еден случаен минувач го забележал селанецот и си помислил:
– Овој мора да е некоја мрза. Ништо не прави и цел ден седи на прагот.

Подоцна поминувал друг човек и помислил:
– Селанецот е вистински Дон Жуан. По цел ден седи, ги гледа девојките што поминува и ги задева.

Најпосле поминал еден шумарски работник и помислил:

– Овој човек е навистина внимателен работник. Се трудел цел ден и сега заслужено одмора.

За селанецот кој седел на прагот од својот дом навистина немаме подетални сознанија. Меѓутоа, можеме многу да заклучиме за тројцата луѓе кои поминувале. Првиот бил мрзелив, вториот не баш добар човек, а третиот бил внимателен работник.

Прочитајте ја и народната приказна за зборот кој вреди сто лири.

Напишете коментар