Skip to content

На денешен ден починал Артур Шницлер, австриски писател чиишто дела се оценети како контроверзни

Артур Шницлер (германски: Arthur Schnitzler) (15 мај 1862 – 21 октомври 1931) бил австриски писател (романописец, раскажувач и драматург) и критичар.

Шницлер е роден во Виена каде што ги завршил студиите по медицина на Виенскиот Универзитет во 1879 година. Докторирал во 1885 година и работел во Виенската општа болница. Поради склоноста кон литературата ја напуштил медицината и се посветил на пишувањето драми, романи, кратки раскази и критики.

Интересни факти за него

Покрај пишувањето литературни дела, Шницлер водел дневник од неговата седумнаесетта година, па сè до два дена пред неговата смрт во Виена. Овој дневник, чија големина е скоро 8 000 страници, е многу значаен и интересен затоа што во него тој ги опишувал своите сексуални авантури. Тој често бил во врска со повеќе жени истовремено, и за некои периоди од својот живот го запишувал и секој оргазам.

Неговото творештво

Денес, делата на Шницлер често се оценети како контроверзни бидејќи во нив отворено се говори за сексуалноста и антисемитизмот. Во нив се употребуваат илузијата и психологијата, допирајќи на тој начин до есенцијалните облици на човековата природа. Затоа Шницлер често се смета како креативен еквивалент на Сигмунд Фројд. Поради големата провокативност и акцентирање на сексуалноста и психоанализата, книгите и драмите на Шницлер во триесетите години на XX век биле забранети од нацистичката партија во Германија и Австрија, и покрај дозата на антисемитизам во делата.

Во едно писмо од 14 мај 1922 година, Фројд му напишал на Шницлер: “Имам впечаток дека Вие, благодарение на интуицијата или, подобро речено, благодарение на внимателното самонабљудување, за другите луѓе го знаете сето она што јас го открив со долготрајни проучувања. Верувам дека во основата Вие сте еден истражувач на психолошките длабочини.”

Режисерот Кјубрик изјавил за Шницлер дека…”Тешко е да се најде некој писател кој повистинито ја разбрал човечката душа и кој подлабоко продрел во начинот на којшто луѓето мислат, дејствуваат и постојат...”

Драми

Анатол (1893)

Флертување (1895) – направена и филмска адаптација

Ферска игра (1896)

Парацелзус (1899)

Зелениот папагал (1899)

Hands Around (1900)

Осамениот пат (1904)

Грофицата Мизи (1909)

Младиот Медардус (1910)

Големото подрачје (1911)

Професор Бернарди (1912) – единствената драма без сексуални мотиви

Комедија на заведувањето (1924)

Кратки раскази и новели

Умирање (1895)

Берта Гарлан (1900)

Потпоручникот Густл (1901)

Слепиот Џеронимо и неговиот брат (1902)

Патот кон отвореноста (1908)

Враќањето на Казанова (1918)

Госпоѓицата Елза (1924)

Новела за сонот (1925/26) – преведена на македонски јазик (Темплум, едиција Магма). Според ова дело се снимени два филма: помалку познатиот на Волфганг Глик (1969) и последниот филм на Стенли Кјубрик „Очи широко затворени“

Ноќни игри (1926)

Тереза. Хроника на животот на една жена (1928)

Лет во темнината (1931)

Останато

Младост во Виена – автобиографија која е објавена постхумно во 1968 година

Дневник, 1879-1931

Напишете коментар