Skip to content

Зима

Мразот дошол да крца под нашите стапки

Поетот ги брои последните капки

Од потта која извира од неговата душа

Која на моменти никој не ја слуша.

 

Снегот во белина го претвори поетскиот поглед

Како да сака да го избриши црниот недоглед

Чистината се појави во неговиот запис

И почна да пишува поетски допис.

 

Допис за неговата љубов чиста

Кон неговата љубена вистина блиска

Сите да ја спознаат неговата длабока жед

За уште еден напишан стиховски ред

 

Никој не знае каква чудност се крие

А во неговата глава нова мисла се лие

Каде ли отишла неговата љубов

Тој набргу на сите ќе ни открие.

 

Таа заминала по снежните стапки

Да наоѓа нови поетски сказни

За љубови кои тивко гаснат

Но и кои брзо со оган се пласнат,

 

Како неговата која тајно ја крие

Во срце негово тивко таа бие

Набргу ќе каже на неговата љубов тајна

Се она што лежи во неговата душа очајна.

 

Колку  ли страдална е неговата вера

Колку ли само ноќи нечујно главата ја крева

Бог да го чуе неговиот глас

Само таму може да го најде својот спас.

 

Сега еве, стои пред нејзиниот праг

Таа знае дека дошол нејзиниот љубен драг

Снежецот кој нежно паѓа

Почнува нова љубов да раѓа.

Напишете коментар