Skip to content

Kратка поучна приказна за страдањето

Една приквечерина покрај едно морско крајбрежје се шетале некои ученици со нивниот учител и разговарале. Тогаш еден ученик го прашал учителот:

– Учителу, како да се бориме против страдањето?

Учителот не одговорил ништо, само им дал знак да се приближат кон морето. Кога биле на самиот раб од копното и морето им рекол:

– Ајде, сега борете се против морето!

– Да се бориме против морето? Како мислите?

– Едноставно. Стоејќи на тој раб не му давајте на морето да се движи напред. Спречете го!

Учениците направиле како им рекол учителот, но ништо не постигнале. После некое време ги прашал учителот:

– Како поминавте?

– Никако! Плимата и осеката се сменуваа, независно од она што ние го правевме.

– Ете, така е исто и со страдањето!

– Не разбираме!

– Страдањето доаѓа, па си заминува, без оглед што ќе правите. Сè што можете да направите е да бидете трпеливи и да чекате да пројде.

Напишете коментар