Skip to content

Заборавената приказна на Медуза

Уште од мала бев фасциринарана од грчката митологија. Едноставно ми се допаѓаше идејата за постоењето на богови кои како и обичните смртници грешат. Не бев рамнодушна ниту на магијата испреплеткана во создавањето на нивните митови. Не прашував, ниту истражував многу сè додека не наидов на митот за Медуза – жената Горгон која со еден поглед може  да претвори луѓе во камења. Медуза е прикажана како монструм, наместо коса на главата и растат змии, наместо нозе има опашка, наместо душа Медуза поседува злоба, отров и празнина. Сепак, оригиналната верзија на овој мит е малку поинаква. Но ајде прво да ја разгледаме онаа на Овид – најпознатата.

Верзијата на Овид се појавува во првиот век од нашата ера. Тоа е една мизогонистичка приказна во која Медуза е прикажана како неморална жена која со својот љубовник го обесчестува храмот на Атина по што, божицата разбеснета ја проколнува и ѝ ја одзема убавината, а подоцна и му помага на јунакот Персеј да ја пронајде и да ѝ ја исече главата.

Атина во оваа приказна е прикажана како предавник на својот род, непријател на жените и покрај тоа што старите Еворпејци  (илјадници години пред создавањето на хеленистичките богови) ја честувваат како Космичка божица на небото и Земјата, на животот, смртта  и повторното раѓање. Тука веќе гледаме судир на верувањата на  Овид и оние на старите Европејци. Овид ја прикажува Атина како борбена, љубоморна и одмаздољубива жена додека пак старите Европејци ја сметаат за еден вид на мајка – божица.  Интересно е тоа што верзијата на Овид не се коси само со онаа на Европејците туку и со онаа на еден негов познат претходник по име Хомер чије што дело многумина го сметаат за оригиналниот мит.

Хомеровиот мит за Медуза

Медуза е една од најубавите девојки кои некогаш служеле  во крајбрежниот храм на Божицата Атина. Нејзината убавина и милост зрачи каде и да се појави, па така таа го привлекува несаканото внимание на Богот Посједон кој една вечер, додека таа ги приложува подароците на олтарот на храмот ја напаѓа и силува.

Разгневената Атина кога дознава за суровото обесчестување на една од нејзините најсакани ќерки, преку сопствената статуа доаѓа во храмот, очајна поради тоа што не успеала да ја заштити, ја одзема убавината на Медуза за никогаш ниту еден маж да не може да ја повреди.

Така Медуза станува страв и трепет за оние кои повредуваат, станува симбол на женската сила и ноќна мора за сите насилници. Дури и денес илјадници и илјадници години подоцна, засолништата за жени ја носат како симбол на сила и закрила главата на Медуза.  Жената, прикажана како монструм од страна на Овид, има сосема поинаква улога во оригиналната приказна и е сосема поинаков симбол од оној што, за да се затскрие женската соочусвствителност, емпатија и поддршка ѝ е доделен.

Хмм…Се прашувам, ако Хомеровата приказна е вака сурово изменета, уште колку ли други ја имаат претрпено истата судбина?

Прочитајте го и Митот за животот на Аполон и за Аполон и Питон.

Напишете коментар