Skip to content

Кратка љубовна приказна за двајца сопружници што успеале да го сочуваат бракот

Си бил многу млад брачен пар, заедно биле неколку месеци во брак. Дури и за толку малку време можеле да сфатат дека бракот и не е онаков како што порано си го претставувале.

Во суштина, не дека немало љубов помеѓу нив, напротив, уште чувствувале силни емоции еден кон друг. Но, сè поретко ги искажувале. Претходно било поинаку. Само до пред неколку месеци, како да се натпреварувале кој прв ќе рече: Те сакам. Или кој повеќепати ќе го рече во текот на денот. Или кој тоа ќе го докаже на поинтересен и пооригинален начин.

И тоа не им паѓало тешко, ниту би можело да им досади. Го правеле тоа искрено и со љубов причинувајќи им големо задоволство покажувајќи ги своите чувства еден кон друг. И во еден миг како сè да се променило од корен. Во последно време биле толку напнати до таа мера што и најмалите настани или најневажен збор бил доволен повод за сериозно да се искараат и навредуваат.

Сосема очајни и истрошени од новата ситуација, една вечер одлучиле да седнат и поразговараат за сè. Си рекле ако е возможно да се обидат да најдат некое решение, кое ќе биде од обострана корист. Ниеден од нив двајца не сакал развод, но истовремено биле свесни и дека е невозможно да се живее таков живот. Сè им било јасно, но не можеле да најдат зборови тоа да го искажат. Долго седеле молчејќи еден спроти друг, со спротивставени чувства и мисли, прашувајќи се непрекинато, кое би било најдобро решение.

Одеднаш мажот скокнал:

– Ми текна нешто! – рекол со нескриена гордост во гласот. Ајде да засадиме едно дрво во градината и тоа нека биде “Наше дрво“! Ако низ следните три месеци дрвото овене – ќе се разведеме. Но ако се фати и почне да расте и се развива – никогаш веќе нема да си дозволиме ниедна мисла за развод. А, за тоа време можеме да спиеме во одвоени соби.

Што мислиш, се согласуваш? – прашал несигурно и го вперил погледот во нејзе преполн со очекување.

Во првиот миг на жените тоа и се сторила прилично чудна и налудничава идеја – иднината на бракот да им зависи од некакво дрво. Но кога малку размислила за безизлезноста на нивната ситуација, на крај прифатила.

Следното утро пошле заедно до обележаниот расадник и купиле едно малечко дрво. Дошле дома, избрале погодно место во градината и меѓусебно помагајќи го засадиле.

Поминал околу еден месец од тој ден. Една ноќ се судриле во темнината на нивната градина. Во погледите најпрво им се гледало чудење, а потоа истото се претворило во радосен сјај.

Двајцата во рацете имале канта со вода. Секоја ноќ оделе да го навадат дрвото…

Прочитајте ја и оваа приказна за страдањето!

Напишете коментар