Skip to content

„Љубовта е нешто друго“, видео рецитација од Менче Кадинец

Љубовта е нешто друго
Не е допирот твој и мој
Љубовта не моли
И солзи не лее
Љубовта е нешто друго
Не е спојот, не е допирот
Не лажи се, не лажи ме
Спокојно пливам во други води
Не чезнеам по телото твое
Љубовта е нешто друго
Не е молба, не е жалба,
Не е невиност, не е освета
Љубовта е сјај што чезнее
Сјај што простува
И повторно спојува
Ти си другар само мој
Кој освета крои
А јас сакам да заминам
Од светот твој што не е мој
Тихо, зошто тишина ми треба
И ѓаволот над мене вреба
Мирно, без некој да ме гази
Со топлина кон сите
И затоа ти подавам рака
Да не ми биде мака
Зошто љубовта е нешто друго
Не е спојот, не е допирот
Љубовта не моли, и солзи не лее
Мирно, збогум да ти речам
Без да клечам, заминувам тивко
И твојот мир го сакам
И Господ сила да ми даде
Да ти даде, мислиш ќе ме предаде.

Слушнете ја рецитацијата на овие стихови во изведба на Менче Кадинец!

Напишете коментар