Skip to content

Неколку легенди за името на градот Виница

Според најновите истражувања името на градот Виница уште не е во целост разјаснето. Во јавноста погрешно беа толкувани записите од теракотните икони, во кои името Виница се поврзуваше со името Винеа.

Според трудот на Радмило Петровиќ

Радмило Петровиќ во трудот Армонија Латина дал своји толкувања со проблемот на локализирање на градовите Астибо, Келендин, Армонија, Запара и Транупара. Посебно внимание обраќа на местоположбата на градот Армонија за кој смета дека е градот Виница, над кој како фортификација се издига Виничко Кале. Според него името на градот е од тракиско потекло. Турците кога дошле во овие простори го измениле, бидејќи не го знаеле вистинското значење на името на градот, тие го поврзале со најсличниот турски збор – Арамија (некој шо прави лоши дела). Подоцна непосредно бил преведен на локалниот јазик со исто значење Виница – Вина.

Излагање Културно Наследство  на Маријан Јованов

Маријан Јованов во своето излагање Културно Наследство дава толкување за името на градот. Според различните толкувања за правецот на патот Стоби – Пауталија, тргнувајки од оргиналната варијанта на картата Табула Путенгеријана, која била корегирана во 1916 и во неа биле недоследно заменети местоположбите на Астибо и Транупара и според најновите археолошки откритија во Делчево, тој смета, дека под бројните ранохристијански остатоци требе да се бара Транупара, а на Виничкото кале античкиот град Астибо.

Неговото објаснување го аргументира; ако Транупара ја лоциравме во Крупиште, следните 20 милји по Табулата нè доведуваат на местоположба на денешна Виница. Овде на наоѓалиштето Кале се наоѓаат маркантни наоди од укрепена населба од раноантичко време. Таа зафаќа површина од 3,5 хектари (денес веке 11 хектари). Камените дробилки за руда зборуваат за рудничко – металушка дејност, како причина за подигање на раноантичка населба на ова наоѓалиште. А сребрените тетрадрахми на Филип 2 укажуваат на неговото датирање. Во 4 век оваа населба добила бедеми градени со малтер, а во 6 век и раниот среден век добила уште повеќе на значење, прераснувајќи во еден културен центар за што сведочат бројните базилики. Следејки ги растојанијата на Табулата и археолошките остаотоци на теренот, на ова наоѓалиште би требало да се наоѓа станицата Астибо.

Според локалната легенда името настанало во период од неколку сушни години кога наместо со вода, куќите биле градени со вино.

Прочитајте ја и Легендата за Дон Жуан, најголемиот заводник на жените

Напишете коментар