Skip to content

Поучна приказна за начинот на кој може да се спречат војните

Еднаш мирните жители на Земјата го замолиле еден многу моќен волшебник да ги запре сите војни и крвопролевања на планетата.

– Тоа е едноставно, рекол тој. – Јас ќе го уништам цело оружје на Земјата, и никој нема да биде во состојба да се бори.

– Тоа би било одлично! – викнале луѓето.

Волшебникот ја употребил својата магијата и било како што рекол, немало повеќе оружје. Имало мир на планетата, а повеќето што биле склони да се борат не можеле да пронајдат оружје. Кога конечно сфатиле дека оружјето исчезнало засекогаш, тие направиле копја од млади стебла, и повторно започнале да се повредуваат едни со други. Кога волшебникот ги слушнал таквите лоши вести, рекол:

– Не грижете се. Јас ќе ги уништам сите млади дрвја, па тие насилници нема да бидат во состојба да се борат.

После два или три дена безуспешна потрага за млади стебла, погодни за изработка на копја, бунтовните луѓе почнале да ги сечат големите дрвја за од нив да направат палки и крвопролевањето повторно почнало. Волшебникот ги уништил сите големи дрвја, но луѓето почнале да изработуваат ножеви и мечови од метал. Тој го уништил сиот метал на планетата, а тогаш тие почнале да фрлаат камења едни на други.

Волшебникот сметал дека треба да се уништи и каменот. Како да живееме, што да јадеме? Луѓето наскоро ќе умираат и без борба. Не, ова е погрешно решение на проблемот! – забележале тие.

Волшебникот бил збунет и рекол:

– Не знам како да го решиме овој проблем.

Луѓето паднале во очај, не знаеле што да прават. Тогаш од толпата едно паметно момче му се обратило на волшебникот.

– Знам што треба да направите. Луѓето нека се чувствуваат онака како што другите ги гледаат нивните постапки. Ако една особа повреди некого, нека ја чувствува истата болка, а ако усреќи некого нека ја чувствува истата радост. Значи, никој никого нема да повредува бидејќи одма ќе ја почувствува неговата болка, и ќе мора да престане.

Сите луѓе биле воодушевени од величината на идејата од момчето, а волшебникот веднаш ја спровел неговата замисла. Ги вратил сите дрвја, каменот и металот, па дури и оружјето. Од тој ден никој на планетата не се обидел да го повреди својот ближен. Луѓето почнале да си помагаат едни на други и продолжиле да живеат во хармонија и радост.

Прочитајте ја и приказната за начинот на кој двајца сопружници си го сочувале бракот.

Напишете коментар