Skip to content

Пролет

Само што почнала есента, а јас веќе сонувам пролет!

Пролет

Новата љубов, предвесник е таа на пролет

Кога секој добива полет

Кога секоја нова средба

Има своја убавина вредна.

 

Со звукот на дојдениот преселник

Никој веќе не е страдалник

За сонце, за прегратки топли

За насмевки, и погледи волни.

 

Се заборава ледот и мразот

Се уништува гладот и падот

Се гледаат ѕвездите на небесата крилна

Се замислува желба за љубов нова силна.

 

Две срца таа сполотува во едно

За никој веќе да не се чувствува бедно

Пролетното сонце мириса на љубов светла

И секогаш носи само опојна миризба цветна.

Напишете коментар