Skip to content

16 интересни факти за библиотеките ширум светот

Покрај одредените предрасуди за тоа дека библиотеките се сѐ помалку посетувани, сепак постои надеж дека тоа во иднина може да се промени. За да им ги приближиме повеќе на оние кои не сакаат да ги посетуваат, ви ги презентираме следниве заниимливи факти за кои можеби не сте слушнале.

Прочитајте ги во продолжение.

1. Во Норвешка книгите можат да се вратат во било која библиотека во државата без оглед од каде е позајмена.

2. Гинисовата книга на рекорди го држи светскиот рекорд за книга која најмногу се краде во библиотеките.

3. Некои германски градови имаат јавни библиотеки за уметнички дела во кои можете за пет евра да позајмите уметнички дека како слики и скулптури и истите неколку месеци да ги чувате во домот.

4. Во Сад постојат повеќе јавни библиотеки од МекДоналдс.

5. Библиотеката на Хардвардксиот универизтет поседува четири книги везени во човечка кожа.

6. Во Копенхаген во 2000 година е отворена човечка библиотека во која секој корсник може да одбере еден човек, да седи со него и да ја слуша неговата приказна.

7. Дури 95% од библиотеките во САД користат Дјуиева децимална класификација.

8. Свети Лоренс е заштитник на библиотеките.

9. На библиотекарот Аристофан од кралската библиотека во Александарија му се припишува заслуга за измислување на интерпукциските знаци.

10. Градската библиотека Цриквеница е единствена библиотека во Хрватска која службено ја вдомила мачката наречена Цар Едгар.

11. Некои од најпознатите светски библиотеки се Јакоб Грим, Мао Зедонг, Голда Меир, Лаура Буш, Марсел Пруст, Мелвил Дјуи и Луис Карол.

12. Популарниот писател на научна фантастика Исак Асимов е автор чишито книги се наоѓаат во девет од десет категории на Дјуиевата децимална класификација.

13. Најголемата библиотека на светот е Конгресна библиотека со повеќе од 158 милиони примероци со материјали поставени на нејзините полици.

14. Најмалата библиотека во светот се наоѓа во Њу Јорк. Има место само за еден корисник и содржи материјали во 40 примероци.

15. Во Хрватска постојат повеќе од 200 јавни библиотеки.

16. Во 2017 во Македонија имало вкупно 175 библиотеки според Државниот завод за статистика. Според класификацијата на библиотеки, во Република Македонија постојат национални, високошколски, специјализирани, неспецијализирани (општонаучни), библиотеки-национални установи и јавни (народни) библиотеки.

Прочитајте ги и следниве факти за Томас Елиот.

Напишете коментар