Skip to content

Лицето што заплови илјадници бродови (Д-р Фаустус)

Д-р Фаустус е истоимена драма на бунтовниот писател Кристофер Марлоу. Драмата спаѓа во категоријата на трагедии од времето на Елизабета I.

Делото само по себе е исто толку скандалозно колку и самиот автор. Исполнето е со паранормални елементи, иронично – сатанистички елементи и елементи на комедија. Драмата се фокусира на животот на алчниот д-р Фаустус и неговара желба за моќ и доминација. Но и тапиот ум кој покрај сето школување тој го поседува.

Фаустус на почетокот иако прикажан како геније, во текот на драмата се покажува како огромна будала. Ја продава сопствената душа на ѓаволот, ја добива моќта што ја посакува и таа моќ ја користи за на крај да стане еден вид на дворски шут кој постои само за да го забавува благородништвото.

Елена од Троја

Сепак, покрај празнината во главата на Фаустус, во драмата постои делче кое со векови ги маѓепсува чистателите а тоа е појавата на духот на Елена од Троја – според Фаустус најубавата жена во историјата на светот. Сепак, Елена е само дух и Фаустус колку и да посакува не може да ја допре, наместо тоа кога ја здогледува ги изустува познатите зборови кои и ден денеска се користат за да ја опишат вонземската убавина на една жена:

Ова ли беше лицето што заплови  илјадници бродови?“ Изустува шокиран Фаустус и тука, иако крајот на драмата е далеку е најтензичниот дел на целата драма.

Ова ли беше лицето што заплови илјадници бродови?” Зборови  кои во далечната 1967 Ричард Бартон ѝ ги изговара на Елизабет Тејлор во филмот базиран на драмата и ја запечатува судбината на филмот како класик.

На крај иако Фаустус ја губи душата и моќта култните зборови остануваат како оружје за шарм и ласкавост. Понекогаш дури и како доказ на нечија срамежливост, но и желба да се предизвика насмевка на љубената личност.

Сепак, сите имаме  ‘лице што плови илјадници бродови’ , кое е вашето?

Напишете коментар