Skip to content

Распишан конкурс за награда “Бели Мугри“ за поетска збирка од ЈУ Дом на култура “Кочо Рацин“ – Скопје

  • by

ЈУ Дом на култура “Кочо Рацин“ –  Скопје распишува конкурс за награда “Бели Мугри“ за поетска збирка.

Пропозиции:
  • Поетската збирка треба да содржи најмногу 1200 стихови;
  • Да е напишана на македонски јазик;
  • Да не е досега објавувана;
  • Право на учество имаат сите автори на возраст до 35 години;

Ракопсите треба да се испратат во три примерока под шифра (а во посебен запечатен плик да се достави: шифра, име и презиме и матичен број на авторот како и тел за контакт), на адреса: „Димитрие Чуповски“ – 20а, поштенски фах-173-1000 Скопје (Со назнака „За конкурс“ за поетска збирка) или директно во самата институција, најдоцна до 20.11.2020 г.

Стручното жири ќе ги откупи авторските права, а предвидено е и печатење на наградената поетска збирка и промоција на истата на 22.12.2020 година.

За сите дополнителни информации јавете се на тел. 02 3163 739

Напишете коментар