Skip to content

Знаеш…– Ирена Блажеска

  • by

Знаеш…сите некаде брзаат. Животот како да ги турнал во некоја машинерија која не може да застане, ги украл и ги насочил кон немирот. Сите некаде одат,сите нешто прават,сите чекорат некој пат кој не знае каде ги води, ни зошто ги води. Но среќни се…барем мислам дека се среќни иако темпото им ја цеди душата и им ги суши желбите и навиките. Но таква судбина одбрале, на такво утро се навикнале, таква ноќ живеат. Моменти, живеат моменти кои водат до разделби, а јас, јас разделбите ги мразам.

Секогаш има некоја бесконечност во нив, секогаш има некое нетрпение во нив. Никогаш никој не може да ми гарантира дека нашето довидување не може да доведе до збогум, никогаш никој повеќе нема да биде ист на нашето следно видување. Затоа мразам луѓето да бидат далеку од мене, да доаѓаат и одат. Мразам да се прашувам дали им недостигам, како што тие ми недостигаат мене.

Дилема. Не можам да ги откријам тајните на животот, мислите кои молчат во главите, не можам да ја дофатам енигмата која стои на пиедесталот од вистината, не можам да откријам што моментот може да донесе, што може да однесе. Можеби некогаш сѐ ќе биде како што посакувам да биде, можеби коцките ќе се наредат кога најмалку очекувам…а дотогаш, додека една врата ми се затвора јас ќе отворам уште сто други врати, ќе правам пат за подобро утре, ќе правам сѐ за да бидам подобра јас и знам ќе успеам, сама ќе успеам.

Ирена Блажеска

Напишете коментар