Skip to content

Ја чекам само љубовта – Рабиндранат Тагоре

Ја чекам само љубовта, па да се предадам најпосле во нејзините раце.
Тоа е причината поради која задоцнив и се оглушив на многуте повици.
Еве ги, доаѓаат со своите правила и закони, цврсто да ме оковаат;
но јас секогаш им се извлекувам, зашто само љубовта ја чекам, па да се предадам најпосле во нејзините раце.
Луѓето ме обвинуваат и ме нарекуваат негрижлив; без сомнение, имаат право кога ме обвинуваат.
Пазарниот ден заврши и за вредндиот нема веќе работа. Тие што дојдоа залудно да ме викаат, се вратија налутени.
Јас ја чекам само љубовта, па да дсе предадам најпосле во нејзините раце.

Напишете коментар