Skip to content

Поучна приказна за кралот кој имал четири жени

Некогаш си живеел еден крал кој имал четири жени.
Четвртата жена ја сакал најмногу, ја дарувал со скапоцености и ѝ давал сѐ најдобро.
Ја сакал и третата жена и неа ја покажувал по соседните кралства. Секогаш се плашел дека еден ден ќе го напушти и ќе замине со друг.

Ја сакал и втората жена. Била негова миленичка, секогаш пријатна и внимателна. Секогаш кога ќе ја соочел со проблем таа лесно го решавала и му помагала да ги преброди тешките мигови.

Првата жена била друштвена и многу допринела за благосостојбата во неговото кралство. Меѓутоа првата жена не ја сакал, а таа него многу го сакала, но тој не обрнувал внимание на тоа.

Еден ден кралот се разболел и знаел дека се ближи неговиот крај. Размислувал за својот раскошен живот и си мислел „Имам четири жени, кога ќе умрам ќе бидам целосно сам“.

Ја прашал четвртата жена:

– Најмногу те сакав, те облекував во најубава облека и ти покажував внимание. Секога кога умирам, дали би дошла со мене да ми правиш друштво?

– Ни збор! – одговорила четвртата жена и си заминала без збор. Нејзиниот одговор се врежал како остар нож во неговото срце.

Натажениот крал ја прашал третата жена:

– Цел живот те сакав. Сега кога умирам дали би дошла со мене да ми правиш друштво?

– Не – му одговорила третата жена. Животот е предобар. Кога ќе умреш повторно ќе се омажам.

Потоа ја прашал втората жена:

– Секогаш ти обрнував внимание и секогаш ми помагаше. Кога ќе умрам, даи би дошла со мене да ми правиш друштво?

– Жал ми е, сега не можам да ти помогнам, одговорила втората жена. Единствено што можам е да те погребам.

Нејзиниот одговор го погодил како куршум. Потоа слушнал глас:

– Би дошла со тебе и би те следела каде и да појдеш.

Кралот се свртел и пред него стоела неговата прва жена. Била сува од изгладнетост и запуштена.

– Кога имав прилика морав подобро да се грижам за тебе, рекол со голема мака кралот.

Во реалноста во животот сите имаме четири жени.

Нашата четврта жена е нашето тело. Не гледа колку напор вложуваме на него и колку се грижиме, тоа ќе нѐ напушти кога ќе умреме.

Нашата трета жена се статусот и богатството. Кога ќе умреме го делат другите.

Нашата втора жена се семејството и пријателите. Без оглед колку нѐ сакале, со нас ќе останат само до гроб.

И нашата прва жена е нашата душа. Многупати запоставувана во насока кон стекнување богатство, моќ и наслади, но е единствена која што ќе нѐ следи каде и да појдеме.

Прочитајте ја и кратката поучна приказна за тоа како се отвораат големите врати.

Напишете коментар